Италијанската премиерка Џорџа Мелони го поздрави трговскиот договор постигнат меѓу САД и Европската Унија, кој вклучува, меѓу другото, царина од 15 отсто за увозот од ЕУ, објавија италијанските медиуми.
-Го поздравувам фактот дека е постигнат договор, изјави Мелони за новинарите во Адис Абеба, каде што присуствува на Самитот на ОН за синџирот на исхрана.
„Секогаш верував и продолжувам да верувам дека влошувањето на трговските односи меѓу Европа и САД би имало непредвидливи и потенцијално катастрофални последици“, додаде таа, нагласувајќи дека сè уште не е доволно запознаена со деталите од договорот.
-Ќе мора да работиме повеќе на договорот бидејќи она што беше потпишано вчера е во принцип и правно необврзувачко, рече Мелони.
„Сè уште има борба. На пример, треба да провериме кои се можните исклучоци, особено за некои земјоделски производи“, додаде таа.
-Недостасуваат голем број елементи и не знам за што зборуваме кога зборуваме за инвестиции, трговија со гас итн.“, посочи Мелони.
„Нема да дадам проценка додека немам јасни податоци“, заклучи италијанската премиерка.