ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Расплет фестивал во Кочани на 1 и 2 август, за Сара и сите погодени од пожарот во „Пулс“

August 1, 2025 13:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска и утре (1 и 2 август ) во Кочани, на Споменикот на слободата на Локубија,  ќе се одржи Расплет фестивал, дводневен хуманитарен музички настан, организиран од група млади луѓе меѓу кои се и петмината членови на бендот „Корка“  од Кочани.

Четири месеци се поминати, но раната оставена од трагедијата е се уште свежа. За жал, вниманието на јавноста сè повеќе и повеќе се губи, а луѓето забораваат. Не смееме да дозволиме таква ситуација да остане незабележана. Тишината во овој момент е гласна, затоа ние треба да сме погласни, велат организаторите на музичкиот хуманитарен настан.

Главна цел на Расплет фестивалот  е да се подигне свеста дека донациите не треба да се намалат и дека се потребни исто како уште првите моменти после трагедијата од 16 март.

-Донациите стивнуваат. Ние  потсетуваме дека не смеат да запрат, бидејќи им се најпотребни на повредените кои чекаат за нив. Некои од нив директно се вклучени во фестивалот за нивна повторна социјализација, посочуваат младите кои стојат зад Расплет фест.

Причината за дводневното времетраење е  да може да се привлече поголемо внимание кон Кочани и сите засегнати од трагедијата и да се собере што е можно поголем број на донации.

Вториот дел од фестивалот (сабота 02/08/2025) ќе започне покасно, да се остави простор за мировниот марш, кој ние со сè срце го подржуваме, учествуваме и повикуваме луѓе да земаат учество и надвор од Кочани, најавуваат од бендот „Корка“, кој е вклучен во се што е поврзано со одржувањето на овој хуманитарно музички настан закажан за Илинден на Споменикот на слободата.

Дел од првиот состав на „Корка“ беше Сара Јорданова, матурантка, која не го преживеа пожарот во дискотеката „Пулс“. Свиреше на тапани.

Токму на Сара, како и на сите други погодени од несреќата ноќта на 16 март, им е посветен Расплет фестивалот.

На сцената ќе настапат артисти како Хајка, Taxi Consillium, Корка, Алембик, Јаблан, Don Playa, Луфтанза, Соба Глувих, Големата Вода, Mallard и DJ Gianni.

Next Post

СДСМ бара од претседателката Сиљановска-Давкова да не ги потпишува указите за законите за полиција и внатрешни работи

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk