ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 9, 2025 19:57
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА

Државната изборна комисија (ДИК) го утврди упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали кои не учествувале на последните пет изборни циклуси.

Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено почитичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, односно најдоцна до 14 август до 24 часот.

Ценовниците за платено политичко рекламирање медиумите се должни да ги применуваат за време на изборната кампања и не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес.

Светлана Карапетрова, на денешната 128. седница на ДИК информира дека при утврдување на просечната постигната цена за платено политичко рекламирање од страна на телевизиите, радијата и печатените медиуми во Република Северна Македонија, ДИК ќе ја потврди просечната цена која не треба да ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секоја телевизија, радио или печатен медиум одделно, пресметана во петте изборни циклуси одржани на територијата на територијата на целата држава и тоа претседателските избори во 2024 и 2019 година, парламентарните избори 2024 година, локалните избори 2021 година, како и предвремените парламентарни избори во 2020 година.

– Просечната цена по секунда за едно деноноќие добиена според различни ценовно рекламни периоди и тоа: период 1 (од 0 до 8 часот), период 2 (од 8 до 16 часот) и период 3 од (16 до 24 часот) кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатен медиуми да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на републиката, а за електронските медиуми и интернет порталите цената за закуп на рекламен простор за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечнат цена за рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, информираше Карапетрова.

За телевизиите кои се регистрирани во регистарот на ДИК кои учествувале во последните пет изборни циклуси одржани на целата територија на државата просечната цена ја утврди ДИК и истата со одлука не може да биде повисока од 0,94 евра, односно 58,04 денари по една секунда по рекламен простор.

За радијата кои се регистрирани во регистарот на ДИК, а кои не учествувале во последните пет изборни циклуси просечната цена ја утврди ДИК и со одлука на истата не може да биде повисока од 0,30 евра, односно 18,85 денари за една секунда, изајви Карапетрова.

За печатените медиуми, кои се регистрирани во регистарот на ДИК, а не учестувале во последните пет изборни циклуси ДИК ја утврди цената која не може да биде повисока од 370,84 евра, односно 22 878,98 денари за една внатрешно црно бела страна, односно 421,422 евра или 25 999,5 денари за една внатрешна страна во боја.

За електронските медиуми и интернет порталите цените за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање не смее да ја надминува просечната цена од рекламирањето во последните пет изборни циклуси.

Согласно член 76, став 6 од Изборниот законик сумата која може да се исплати на еден печатен медиум, електронски медиум или интернет портали од страна на еден учесник во изборниот процес не може да биде поголема од 15 илјади евра, во денарска противвредност.

Медиумите имаат право да извршат регистрација најдоцна три дена од распишувањето на изборите, односно до 12 август до 24 часот. Регистрацијата на медиуми може да се направи на посебен службен мејл на ДИК објавен на веб-страницата или  непосредно во архивата на Државната изборна комисија.

ДИК е должна да ги потврди и објави на веб страната ценовниците во рок од десет дена од истекот на рокот за доставување.

Од вкупниот буџет предвиден за претстојните локални избори кој изнесува околу 9,7 милиони евра, повеќе од 2/3 се за платено политичко рекламирање.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко нагласи дека законските рокови поврзани со медиумите се реалтивно кратки – три дена за регистрација и пет дена за достава на ценовниците.

-Има рокови, евентуално за исправа на технички грешки. Сето тоа ќе го имаме во предвид, меѓутоа медиумите да имаат доволно време да ги подготват документите, изјави Кондарко.

Одговарајќи на новинарско прашање за регистрацијата не медиумите, Кондарко појасни дека ДИК постапува согласно член 75Ѓ, точка 7 од Изборниот законик, според кој „регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се води врз основа на поединечно барање за упис до ДИК со прилог тековна состојба издадени од Централен регистар не постара од 30 дена“.

-Ова е законска одредба, друго е прашањето каков е законот. Тоа не е наше право и надлежност за коментираме. Ние сме орган за спроведување на закони и сите минати избори се спроведени според оваа одредба и истиот закон и ние како ДИК сме постапиле законито. Посебно истплатата на медиумите, се работи за многу виоски износи, повеќе од 2/3 од вкупниот буџет на државата предвиден за избори се однесува за платено политичко рекламирање во медиумите, што имаат право да го користат партиите и ние како ДИК сме подлежни на ревизија после секои избори и не сме имале буквално никакви забелешки околу основите за регистрација на медиумите, изјави Кондарско.

Според Кондарко не значи по автоматизам дека сите регистрирани медиуми што ги исполнуваат условоте ќе добијат средства, нагласувајќи дека право за тоа каде и за кои износи ќе се рекламираат според закон имаат политичките партии и другите учесници на изборите на кои им следува правото на платено политичко рекламирање.

Tags: ДИКлокални изборимедиуми

НАЈНОВО

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 9, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk