ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Се повлекува механизацијата од Дошница, активистите најавуваат протести во Скопје ако по изборите продолжи да се гради

August 14, 2025 12:44
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Фото: Мета.мк

Фото: Мета.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Приватната фирма која изнајмуваше машини за изградба на хидроелектраната на реката Дошница си ја повлекува механизацијата од терен, објавија од организацијата „Чејнџмејкерс фор ол“ на својот профил на Фејсбук. Тие ја поткрепиле објавата и со фотографии на кои се гледа како со камион се тргаат машини од терен. Иако, според нив, ова е резултат на народниот отпор, тие велат дека битката за Дошница не е завршена и бараат Владата да ја поништи дозволата за градба на хидроелектраната, пишува Мета.мк.

„Досега целта е исполнета, градежни активности нема. Веројатно оваа приватна фирма, која ја изнајмил инвеститорот, не сака да биде на ѕидот на срамот на уништување на природата, па затоа си ја повлекуваат механизацијата. Овој чекор е добар пример, се заблагодаруваме за нивната свесност, но тука не е завршена нашата борба. Треба да се повлечат сите машини од терен“, вели Марина Томова од „Чејнџмејкерс фор ол“ за Мета.мк.

Според активистите, овој чекор е направен за да се намали тензијата, односно да се смири ситуацијата сега во периодот на предизборие. Сепак, оттаму велат дека најважно е да се раскине договорот за концесија со концесионерот.

„Ако тоа не се случи, ќе возратиме со поголем удар. Во моментов многу е важна правната битка. Барамед укинување на дозволата, а најавуваме и протести во Скопје пред Министерството за животна средина и просторно планирање. Датумот не го откриваме“, велат активистите.

Мета.мк неодамна објави фотографии и видеа од изворите на Дошница, како и од локациите „Баров Дол“ и „Папрад“ на кои Владата одобрила да се градат две мали хидроцентрали на Кожуф планина. Овој регион, богат со ендемски видови и биолошка разновидност, веќе 50 дена го штитат еко-активисти од целата земја, свесни дека изградбата ќе значи уништување на биодиверзитетот и исчезнување на уникатни животински и растителни видови.

Двете локации се наоѓаат недалеку од изворите на Дошница, во недопрена природа, односно во голем дел подрачје на кое човечка нога не стапнала. Изворите на реката се наоѓаат во општина Каварадци. Така, со одлука и амин на Владата и општина Кавадарци, во 2019 година било одобрено оваа речна питка вода да се користи за производство на електрична енергија. Во тоа време коалициони партнери во Владата беа СДСМ и ДУИ на чело со Зоран Заев и Али Ахмети, а градоначалник на Кавадарци и тогаш беше Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно ќе биде кандидат на партијата и на локалните избори во октомври.

 

Tags: Дошницахидроелектрана
Next Post

Дембеле: Во 2025 година, ПСЖ беше најдобриот тим во Европа

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk