ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

Со соопштение излезе и опозициската СДСМ во кое се наведува дека „ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол а СДСМ им ја одзема дозволата и го истера процесот до крај“

August 19, 2025 18:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По денешната најава на вицепремиерот Александар Николоски дека државата ја добила арбитражната постапка за „Казандол“, со што е избегнато плаќање на 115 милиони евра оштета кон инвеститорите, со реакција се огласи поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, а со соопштение реагира и СДСМ.

„Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра,“ напиша Битиќи на социјаните мрежи.

Тој потсети на текот на случајот:
„Да се потсетиме: случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада.“

Битиќи им се заблагодари на сите вклучени во процесот:„Искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност. Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже.“

Од своја страна, Николоски денеска истакна дека исходот е целосно во корист на државата:

„Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка ‘Казандол’ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен,“ подвлече Николоски.

Тој додаде дека државата очекува поволен исход и во други арбитражни постапки:
„Ако продолжи овој след, а јас сум убеден дека ќе продолжи, тогаш надлежните органи ќе треба сериозно да се позанимваат со тоа како биле отворани арбитражите и како бевме сите убедувани дека Македонија ќе губи стотици милиони евра, а некогаш и милијарди, а еве не ги губи.“

Со соопштение излезе и опозициската СДСМ во кое се наведува дека „ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол а СДСМ им ја одзема дозволата и го истера процесот до крај“

Бидејќи власта на ВМРО-ДПМНЕ не работи ништо, Николоски мораше денеска да држи прес-конференција за процес завршен само благодарение на СДСМ и на граѓаните, реагираат од СДСМ.

„Еве ги фактите од кои Николовски се обиде да побегне денеска:

1.Владата на ВМРО-ДПМНЕ на 27 февруари 2015 година ја даде концесијата за рудникот „Казандол“ на компанијата „Сардич“. Токму оваа одлука ја отвори вратата на масовно незадоволство и реакции на граѓаните.

2. СДСМ беше на страната на граѓаните за разлика од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2017 година, иницијативата „Спас за Валандово“ ја крена јавноста на нозе, се распишаа и локални референдуми, а граѓаните речиси едногласно гласаа против отворање рудници.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници тогаш ги блокираа референдумите и се спротивставија на волјата на народот. Иницијативата да распише локален референдум во Валандово не беше поставена на дневен ред токму поради противење на тогашниот градоначалник Николче Чурлиновски и ВМРО-ДПМНЕ.

3.По масовните протести во Валандово, Богданци и Дојран и јасно изразената волја на граѓаните преку локални референдуми, владата на СДСМ и Зоран Заев го раскина договорот за рудникот „Казандол“ во март 2018 година.

4.Од тогаш, од 2018 година започна постапката со арбитража. Целиот процес е завршен од Владата на СДСМ само одлуката стигнува сега.

Тоа е вистината.

Николовски ако сака да зборува за „Казандол“, треба да им објасни на граѓаните: зошто неговата партија во 2015 година ја даде концесијата? Зошто се игнорираа протестите и барањата на локалното население?

СДСМ беше и останува на страната на граѓаните, затоа што токму тие се изборија против „Казандол“. Благодарение на граѓанскиот отпор и одлуките на владата на СДСМ, овој рудник не постои“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Ј. Ѓ.

Поврзано:

Николоски: Целосна реконструкција на железничката линија од Скопје до Кичевo, обезбедени 5,3 милиони евра грант, државата го добила и случајот „Казандол“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БитиќиКазандолНиколоски
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата донесе одлука за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

НАЈНОВО

Трамп ја откри предложената линија за повлекување во Газа

October 5, 2025

Никовски и Хајдари најбрзи на пет километри на Виз Ер Скопски маратон

October 5, 2025

Студено наутро, сончево во текот на денот

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk