ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Потпишан Меморандум за соработка со Германскиот археолошки институт на локалитетот Скупи

August 19, 2025 11:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На археолошкиот локалитет Скупи денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт, претставуван од Римско-германската комисија.

Министерот за култура изрази задоволство од воспоставената соработка, нагласувајќи ја нејзината стратешка важност.

-Археологијата е значаен сегмент од културно-историскиот мозаик на нашата земја и претставува непроценливо наследство за идните генерации. Ние сме должни да го истражуваме, да го заштитиме и да го афирмираме тоа наследство бидејќи секој археолошки наод е жива врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината, рече министерот.

Соработката ќе овозможи размена на знаења, методологии и заеднички истражувања, со што се очекува унапредување на научните стандарди и меѓународната промоција на македонското културно наследство.

-Овој меморандум претставува силна основа за унапредување на стручната и научната афирмација на нашите археолошки откритија, преку примена на современи методолошки принципи, обработка на материјални докази и нивна промоција во меѓународен контекст. Истовремено, соработката ќе придонесе за развој на културниот туризам како една од стратешките насоки на европската културна политика во 21 век, а со тоа археолошките локалитети ќе добијат нова димензија – не само како научни туку и како туристички атракции кои ја раскажуваат историјата на нашата земја пред светот, истакна министерот.

Заменик-директорот на Германскиот археолошки институт, Лукас Вертер, истакна дека соработката ќе се заснова на научни истражувања кои потоа ќе бидат достапни за сите заинтересирани за локалитетот.

-Се радуваме на нашите заеднички активности на овој локалитет кој има многу скриени нешта во земјата кои сакаме да ги обелодениме на луѓето и да ги изградиме капацитетите на Скупи, рече тој. Дополнително, беше потпишан и втор документ од страна на Музејот на град Скопје, со што започнуваат првите конкретни чекори кон реализација на оваа соработка. Очекувањата се дека партнерството ќе придонесе и за развој на културниот туризам, позиционирајќи археолошките локалитети како атрактивни дестинации на европската културна мапа.

Tags: меморандумСкупи
Next Post

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

EVN

НАЈНОВО

Четири медиуми го прекршиле изборниот молк на Повторените локални избори

January 15, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

ЕК: Македонија реализира само шест реформи од Планот за раст на ЕУ – забележан селективен пристап

January 15, 2026
Илустрација ФБ профил А. Жерновски

Нема виза ни за Периметарот

January 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Активистка од Чачак: Градските функционери се засолниле, СНС ја жртвуваше Ана Бекута

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Русија користи африкански регрути како „живи бомби“ на фронтот во Украина – „животниот век е околу 72 часа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пентагон подготвил воени опции за можна акција против Иран, воени авиони на САД ја напуштија базата во Катар, Иран го затвори воздушниот простор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува Европското првенство во ракомет 2026, Македонија утре против Данска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk