ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

August 26, 2025 14:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Адвокатот Жарко Стеваноски остро реагираше поради постапката со службените печати на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар, за кои, како што вели, надлежните институции постапиле спротивно на законот.

„Откако ОЈО Битола на ден 13.08.2025 година ги одзеде службените печати на СОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ Демир Хисар како доказ по кој ОВР Демир Хисар до пред распишување на локалните избори 2025 година ревносно трагаше заради постоење на основано сомневање дека ‘неподобната’ директорка Маја Лозановска сторила кривично дело ‘Одземање или уништување на службени печати или списи’ од чл.390 од КЗ, а после распишување на изборите го изгуби интересот за печатите“, напиша Стеваноски на својот Фејсбук профил.

Тој објаснува дека од јавниот обвинител било побарано печатите да ѝ се вратат на актуелната директорка Лозановска, со укажување на законската обврска од Изборниот законик, според кој постапката за разрешување и именување директори се прекинува до завршување на изборите.

„Но, очигледно јавниот обвинител нашол соломонско решение и одлучил спротивно на Законот за кривична постапка службените печати да ги врати на основачот – Општина Демир Хисар, односно на градоначалникот, а тој, тој сосема непресметливо ги предал на новоназначениот в.д директор да си направи промена во Централниот регистар и да се устоличи како директор во екот на распишани избори“, реагира адвокатот.

Според него, со оваа одлука „целосно множејќи ги забраните предвидени со изборниот законик со нула“, на 25 август била извршена промена во Централниот регистар за директор на училиштето.

Стеваноски посочува дека јавниот обвинител ги одзел печатите врз основа на „сомнително издејствувана наредба за претрес“ од судија при Основниот суд Битола.

„Јавниот обвинител бил должен да знае дека враќање на одземените предмети може да дозволи само Основен суд Битола, а не самиот јавен обвинител. Тоа е дефинирано во чл.119 ст.3 и чл.203 од ЗКП“, вели тој.

На крајот, адвокатот заклучува: „Вака како што тргнала работата, изгледа дека законите не важат ниту за ОЈО Битола, ниту за Општина Демир Хисар кога се работи за именување и разрешување на функционери за време на избори, па останува да се надеваме дека некој од другите надлежни органи ќе ја постави точната дијагноза на состојбата и ќе препише соодветна терапија против непресметливата ситуација час поскоро“.

Поврзано: 

(ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

Tags: Демир ХисардиректоркаЖарко СтеваноскиОЈО Битолаучилиште
Next Post

Коалицијата ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk