ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ буквално ја сфатиле шегата за статистиката – ако доволно ги мачите податоците, ќе признаат сѐ што сакате

August 29, 2025 12:07
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Бранимир Јовановиќ. Фото извор, Директ портал

Бранимир Јовановиќ. Фото извор, Директ портал

Share on FacebookShare on Twitter

Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате. Изгледа ВМРО буквално ја сфатиле, па од петни жили се трудат да покажат дека имаат добри резултати кога се платите и инфлацијата во прашање, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, по обидите на ВМРО ДПМНЕ, со манипулација со бројки да докажува дека народот денес е побогат од времето на СДСМ.

Во продолжение, професорот Јовановиќ нуди неколку наједноставни бројки, за граѓаните да можат самите да проценат.

Просечната плата во јуни лани, последниот месец пред ВМРО да дојде на власт, беше 41,939 денари. Една година потоа, во јуни 2025, просечната плата е 45,468 денари, односно околу 3,500 денари повеќе.

Минималната плата пред ВМРО да дојде на власт беше 22,567 денари, сега е 24,379 денари, односно околу 1,800 денари повеќе.

За истото ова време – од јуни лани до јуни оваа година – минималната потрошувачка кошничка пораснала од 60,325 денари, на 64,698 денари, односно за околу 4,300 денари. Тоа е повеќе и од растот на просечната плата, и од растот на две минимални плати.

Апсолутно не може да стане збор за подобрување на животниот стандард. Или еве, ако зборуваме низ проценти. Номиналниот раст на платата во јуни лани, пред ВМРО да дојде на власт, беше околу 15%. Една година подоцна, тој се преполови, на околу 8%.

Надолниот тренд е уште повидлив кај реалната плата, односно платата коригирана за инфлацијата. Таа лани во јуни имаше раст од 11%, сега тоа е паднато на помалку од 4%.

Ако зборуваме за инфлацијата, таа лани во јуни пред ВМРО да дојде на власт беше 3.2%. Денеска, една година подоцна е скоро 5%.

И сето ова го кажувам како некој кој изминатите години постојани ги критикуваше СДСМ за тоа како тие се справуваа со инфлацијата. Така што, јас на луѓето од ВМРО би им дал еден најдобронамерен совет. Наместо да се препукуваат со СДСМ кој имал подобри бројки за инфлацијата и платите, нека преземат нешто за навистина да ги зголемат платите и да ја стават под контрола инфлацијата. А тоа најдобро можат да го постигнат со покачување на минималната плата и на платите во јавниот сектор, и со замрзнување на цените, дециден е професорот Јовановиќ.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Tags: Бранимир ЈовановиќВладаВМРО-ДПМНЕекономски политики
Next Post

Намалени каматни стапки на кредитите во јули, растат каматните стапки на депозитите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk