ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шукова: Јавниот превоз во Скопје со БРТ системот ќе го решиме до средината на 2028

August 29, 2025 13:05
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот! ДПМНЕ и Аросвска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс, изјави на денешната прес-конференција кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова.

Таа вели дека „решавањето на јавниот превоз не смее да доцни ни ден повеќе! Тоа е услов за квалитетн живот на сите кои живеат во Скопје. И на тие што се возат и на тие што не се возат. На сите ни треба помалку метеж, добро поврзани општини ,пбрз, безбеден и одржлив јавен транспорт, транспорт кој не ги труе граѓаните на Скопје“.

„Решението за ова постои а јас, заедно со Градот ќе го реализирам! Како Градоначалничка на Скопје, итно ќе започнам со реализација на проектот БРТ, кој ќе обезбеди нова модерна мрежа на урбаниот транспорт во Скопје, преку коридори кои се резервирани само за автобуси. Проектот вклучува и набавка на нови еколошки автобуси и ревитализација на две депоа за автобусите“, рече Шукова.

Таа прецизира дека „за ова одамна се обезбедени 40 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Нема веќе чекање и одлагање! Со силна одлучност, заради потребата на секој граѓанин на Скопје, гарантирам дека до средината на 2028 година, скопјани, од Ѓорче Петров, преку Центар до Ново Лисиче во Аеродром ќе се возат со првата линија на БРТ системот за само половина час, брзо и навреме – без доцнења, без гужви, безбедно’.

„БРТ обезбедува линија од 13 км во една насока, со 21 автобуска постројка и 2 терминали, со 29 автобуси, за неверојатен број од 65.000 патници на ден.
Ќе работиме и на втората линија север – југ, но и на набавка на нови еколошки автобуси за останатите сообраќајни линии низ Скопје, со што постојните стари и неефикасни автобуси ќе бидат целосно заменети.

БРТ е решението позади кое стојам и кое драстично ќе ја подобри состојбата со автобускиот превоз во Скопје. Ќе почнеме веднаш, за Скопје и скопјани!“, истакна Шукова

Tags: Каја ШуковаСкопје
Next Post

Документарецот „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ ја освои главната награда на 16. „МакеДокс“

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk