ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче смета дека Владата не сака да почнеме преговори со ЕУ, Муцунски му реплицира – Преговорите не се блокирани, зашто никогаш и не започнаа поради СДСМ и ДУИ

September 1, 2025 13:44
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добро е да знаеме на што сме. ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт и тоа го повторуваме цело време, апсолвирано е тоа прашање, со лажна кампања. Ветуваа подобри преговарачки позиции, а не спомнаа дека преговорите ќе запрат. Сега практично се запрени, ништо не се случува. Од една страна ништо не се случува ниту со реформската агенда, нема носење реформски закони во Парламентот, ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од цела ЕУ, а тоа е да се направат уставните измени и да се отворат поглавјата за преговори со ЕУ,  изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се неговите очекувања зошто премиерот Мицкоски ја отфрли Резолуцијата, Филиче вели дека Владата бара изговори.

– Едно е да бараат изговори, а тоа го прави Владата. Прво бараа да има одложено дејство на уставните измени, видоа дека не може. Цела Европа им кажа дека тоа е невозможно. Бараа Бугарија да прифати пресуди на Судот за човекови права во Стразбур и тоа видоа дека не може да го изменаџираат. Не гледаме дека нешто се трудат околу тоа да направат, нема дипломатска активност на таа тема. Министерот за надворешни работи зборува за роаминг и ништо друго. Очигледно е дека се конзистентни кон тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме. Ќе се бориме поради тоа што е единствената иднина за нашата земја и ќе ставиме на масата. Еве Резолуција, да ги утврдиме нашите црвени линии за да укажеме јасно и гласно дека сите треба да бидат чесни кога кажуваат какви се политиките, а не да се користат со лаги и манипулации за скриено да протуркаат некоја своја политика која очигледно не не води никаде, рече Филипче по посетата на ОУ „Киро Глигоров“ во општина Центар.

Најави дека ќе го видат документот оваа недела и додаде оти ќе разговараат за следните чекори. – Ако има чесен пристап од страна на власта, ќе седнат и ќе разговараат, дали на лидерска средба, дали во Парламентот, дали најголемите политички партии. Ова е едно од најважните прашања за иднината и за напредокот на земјата. Сметам дека не смее ништо да не се случува, ниту пак да се става од страна вака како тоа што го прави Владата, рече Филипче.

Одговорајќи на новинарско прашање за тоа кои се црвените линии кои ќе ги предложат во Резолуцијата, Филипче рече дека разработуваат еден детален документ и оти во теков на неделава ќе го презентираат пред јавноста и пред сите политички партии.

Прашан за лидерска средба, Филипче изјави дека тоа секогаш е отворена понуда затоа што најважните прашања за државата така треба да се решаваат. – Никој од другите политички чинители не прифатија повеќе апели наназад. Еве сега ќе го покажeме во јавноста документот, па нека знаат граѓаните кој е за Европа, а кој не е, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ рече дека не се распродадени македонските национални интереси и додаде оти тоа е само една лажна кампања. – И сметам дека не треба да ја продолжувате, не треба да ги лажете граѓаните поради тоа што е сериозна работа, со која ги загрозувате националните интереси на државата, рече Филипче.

– Венко Филипче денеска повторно зборуваше за преговорите со ЕУ, како тие да се блокирани. Но вистината е тажна и едноставна – благодарение на СДС и ДУИ, тие преговори не можат да бидат блокирани, затоа што никогаш и не започнаа, му реплицира шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски на денешната изјава на лидерот на СДСМ.

– Од нас нема да слушнете големи зборови без покритие и празни чекори во сегашноста. Нашата задача не е да нудиме изговори, туку резултати. Затоа ја движиме државата напред – таму каде што ѝ припаѓа: во Европа. И тоа не е слоган, туку реалност што ја градиме преку конкретни проекти: бесплатен роаминг за нашите граѓани во ЕУ, зелени ленти за нашите превозници, пристап до европскиот единствен систем за плаќање, партнерство во безбедноста и одбраната со ЕУ. Тоа се вистински реформи, а не празни флоскули.

Оттука, Венко е во право: зборувам и работам и за поевтин роаминг за македонските граѓани. Но зборувам и за зачуван идентитет, достоинство и гордост. И да, не зборувам за виткање кичма, за администратори, за договори под маса, за прифаќање уцени или ултиматуми, како што тие го правеа тоа. Тука има разлика – и граѓаните ја гледаат таа разлика.

И токму затоа ја повикувам опозицијата да дејствува рационално и разумно. Да не штети на европскиот процес, туку да помогне преку реформите дома. Затоа што ова не е борба за лични или партиски интереси. Ова е борба за граѓаните, за државата, за иднината. И ќе напредуваме само ако сите заедно ги ставиме државните пред партиските интереси, наведува Муцунски во реакцијата објавена на неговиот фејсбук профил.

 

Tags: ЕУМуцунскиФилипче
Next Post

Нетанјаху отфрла делумно примирје, повикувајќи се на совет од Трамп

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk