ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Марковски со симболична маска на прес за Вардариште: Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето

September 4, 2025 15:24
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Фото: Независни заедно

Фото: Независни заедно

Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните блокираат и протестираат , а депонијата Вардариште и денеска гори. Доста е, реагираат од Независни заедно.

Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето, вели проф. Горан Марковски.

Има стручни и професионални студии, акциски планови и препораки изготвени за Вардариште, (ЛЕАП 3, ГУП елаборатот и Прирачникот за пожари од САЛАР), но тоа што досега го немало е политичка воља за да се спроведат.

Кандидатот за градоначалник на Скопје, проф. Горан Марковски и носителката на кандидатската листа за советници во Град Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“, Јана Белчева Андреевска, денеска одржаа пресконференција во близина на депонијата.

Тие потенцираа дека денеска се таму за да покажат солидарност со сограѓаните кои се најзасегнати со проблемот на Вардариште. И дека овој проблем иако наследен од минатото, ќе биде нивна обврска во градот Скопје.

Проф. Марковски истакна дека решението кое долго време се игнорирало мора да биде стручно.

„Не се преземени никакви стручни мерки за тоа што ќе се прави со гасовите коишто се ослободуваат од распаѓањето на ѓубриштето. Во околу ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар. Ние сме за трајни решенија коишто ќе им овозможат на скопјани да дишат нормално, особено на оние наши сограѓани кои живеат во околината на Вардариште. Постојат методи, стручни методи денес и многу актуелни. Постои можност оваа енергија којашто денес ни создава проблем да ја искористиме и за производство на електрична енергија. Само треба знаење, одговорност и секако независност.“ вели Марковски.

Тој порачува дека за да се реши проблемот со депонијата постојат неколку пристапи.

„Едниот пристап е да со помош на одредени цевки се собере метанот и потоа се одлучува што ќе се прави со него. Со него меѓу другото може да се користи и за производство на електрична енергија. Постојат и други методи коишто се веќе применети на над 200 локации во Европа.“

Јана Белчева Андреевска потсети дека за депонијата има многу стручни насоки како да се тргне од листата на црни точки на градот кои досега се игнорирани.

„Ако се следеле чекорите само со спроведуваме на ЛЕАПот: како чистење на дивите депонии, рекултивација на Вардариште според стручните студии, модернизација на системите за исцедок и гас, и зајакнување на селекцијата и рециклирањето, веќе ќе имало резултати. Затоа, основа за нашето работење нема да бидат нови стратешки документи, туку исполнување на усвоените планови, и усогласување со безбедносните стандарди за заштита.“ рече Јана Белчева Андреевска.

Белчева Андреевска смета дека планот за решение истовремено треба да е реален и модерен: од тоа да се затвори просторот за диво депонирање, да се воведе 24/7 периметарска контрола со видео-аналитики и препознавање регистарски таблички, а преку термални камери и дронови со термални и спектрални сензори да ги откриваме жариштата и новите истурања уште во зародиш. Податоците би се интегрирале во единствен систем со јасни индикатори и јавна отчетност.

„Нам сојузници во овие напори мора да ни бидат граѓаните кои се будни, свесни и бараат промени и ќе го дадат гласот за оние кои веќе биле активни, и ќе продолжат да работат за јавниот интерес – а тоа е чист воздух и здрава животна средина“ вели Белчева Андреевска.

„Независни заедно“ е широка граѓанска платформа која ги обединува независните советници и локални иницијативи од неколку скопски општини-„Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Покрај град Скопје, платформата веќе објави дека цели на победа во општина Центар каде ќе ја поддржи кандидатурата на истакнатата антикорупционерка Билјана Ивановска. „Независни заедно“ произлезе како одговор на разочараноста од традиционалните политички партии и има за цел да ја врати локалната власт во рацете на граѓаните. Платформата ги повикува сите скопјани, поединци и групи, да се приклучат и заеднички да изградат нов модел на управување – чесен, стручен, транспарентен и посветен на јавниот интерес. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот,“ порачуваат од „Независни заедно“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВардариштеГоран МарковскиНезависни заедно
Next Post
Фото: Скриншот од видео на WION

Расте бројот на жртви во Авганистан по разорниот земјотрес

НАЈНОВО

ВИ

Возрасни со цуцли: Новиот тренд за намалување на стресот во Кина

September 4, 2025
Foto: Wikimedia Commons

НАТО реагираше поради Додик: Секоја закана за сецесија е опасна

September 4, 2025

Кралот Чарлс Трети и неговите необични навики

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk