ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меџити – Агелер: Соработка со САД за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

September 11, 2025 15:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска остварил средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, на која, како што ианформираат, се дискутирало за техничка и научна соработка за заштита на Охридското Езеро, природно и културно богатство кое е заедничко за Северна Македонија и Албанија.

Целта на соработката, како што информираат од МЖСПП, е подобрување на квалитетот на водата, управување со рибниот фонд и развој на одржлив езерски туризам.

Во текот на 2024 година, двајца американски експерти спроведоа теренски посети и двонеделни средби во регионот на Охрид за да ја оценат актуелната состојба. Извештајот од таа посета содржи неколку конкретни препораки, меѓу кои: зајакнување на капацитетите на Хидробиолошкиот институт преку модернизација и поддршка на научниот кадар, создавање национална долгорочна програма за лимнолошки мониторинг и рибниот фонд, развој на заеднички прекуграничен план за управување со инкубаторите и заштита на охридската пастрмка, воспоставување механизми за рано откривање на инвазивни видови, како и развој на истражувачка програма за одржлив туризам и зајакнување на улогата на граѓанските организации.

Во рамки на денешниот состанок, како што информираат, учествувал и проф. Џејсон Стоквел, директор на Научната лабораторија за животна средина и природни ресурси при државниот универзитет во Вермонт, САД кој во наредните денови ќе престојува во Охрид по што ќе ги претстави своите идеи за понатамошна соработка со Хидробиолошкиот институт – Охрид и другите релевантни иституции во земјата.

Меџити и Агелер, стои во соопштението, се согласиле дека заштитата на Охридското Езеро претставува национален и прекуграничен приоритет, а соработката со САД и меѓународните партнери ќе донесе неопходна експертиза за зачувување на ова уникатно природно и културно наследство.

Next Post

ИДФ повторно нападна во долината Бека во Либан

Најново

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

April 21, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk