ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Судскиот совет ќе мирува за време на локалните избори, членовите поделени околу независноста од политиката

September 11, 2025 12:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со седум гласа „за“ и четири „против“, Судскиот совет денеска на седница изгласа одлука да останат во сила заклучоците донесени за изборите во 2024 (претседателски и парламентарни) според кои постапувањата во надлежност на Советот да бидат ставени во мирување додека заврши изборниот процес, со напомена дека овојпат се однесуваат на локалните избори 2025.

Во расправата за тоа како треба да постапува Судскиот совет во изборниот период, негови членови истакнаа дека треба да постапуваат во рамки на надлежностите, како на пример за прашања за вработување, унапредување судии или утврдување дисциплинска одговорност. Според нив, со тоа што нема да ја прекинат работата ќе докажат дека судската власт е независна од извршната и од законодавната. Ограничувањата ги наметнува член 8а од Изборниот законик и начините како тој се толкува.

Тања Чачарова-Илиевска се повика на укажувањето од ЕК и од Оценската мисија дека работата на Советот не треба да стагнира, при што порача „треба добро да размислиме и да мрднеме од пасивноста“.

И според Антоанета Димовска, Судскиот совет треба да продолжи со работата и да направи исчекор и напредок со што ќе ја напушти, како што рече, статус кво ситуацијата во која се наоѓа со секои минати избори.

-Зошто кога се избираат судии не престануваат да работат извршната и законодавната власт. Исто е, нема мешање. Нашата работа е таква, ние носиме одгворни одлуки и наше е да постапуваме по Устав и закон, рече Димовска.

Весна Дамева посочи дека Судскиот совет во изминатиот период имал различна пракса – целосно запрени активности и делумно во 2024. Нагласи дека Судскиот совет е должен да ја гарантира независноста на судската власт и оти не треба да зависи од извршната.

-Уставот ни ја дава самостојноста и од нас зависи дали ќе ја заштитиме. Ставањето во мирување на постапувањето од основна надлежност на Судскиот совет додека траат изборите ќе ја стави под прашање независноста на Советот… Како правник сметам дека не може со закон да се дерогира уставна одредба. Во Уставот е јасна поделбата на власта и јасна е самостојноста и независноста на судската власт. И сега – член 8а, кој го толкуваме на кој како му одговара. Јас го толкувам правно и  во оваа ситуација и во секоја друга ситуација ме штити единствено Уставот и законот, но не законско толкување како што некому би му одговарало, истакна Дамева.

Претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски се согласи со нивните ставови дека Советот треба да продолжи со работата бидејќи се независни, но, како што рече, „има едно големо меѓутоа“. Рече дека тие како судии живеат во оваа држава и дека не може да функционираат како затворени во меур во кој ништо нема да ги допира надвор од судската власт.

-Демократијата и политичката култура кај нас и кај политичките чинители не е созреано до тоа ниво да нема никакви последици нашето натамошно функционирање. Од друга страна, постои Изборен законик кој јасно укажува што може, што не може да се работи и тој закон се однесува и на нас. Не случајно 10-15 години наназад Судскиот совет во периодите на избори ги ставал сите постапки во мирување. Кога ќе созрееме како општество и кога ќе созреат нашите политичари и ќе бидат на висина на задачите, тогаш можеме да зборуваме за промена на овој закон каде што јасно ќе се наведе дека судската власт не ја тангираат локални или кои било избори. Но, во овој момент сметам дека треба да останаме на заклучоците што Судскиот совет ги донесе во минатото, заклучи Камбовски пред да биде изгласана одлуката.

Next Post

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk