ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Клучни заклучоци од обвиненијата против Робинсон: Обвинителите бараат смртна казна за осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 17, 2025 11:31
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Канцеларија на гувернерот на Јута

Фото: Канцеларија на гувернерот на Јута

Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителите во вторникот го обвинија Тајлер Робинсон, кој е осомничен за убиството на контроверзниот конзервативен политички активист Чарли Кирк, за тешко убиство и најавија дека ќе бараат смртна казна.

Атентатот врз Кирк, извршен пред шест дена на настан во Универзитетот во Јута Вали, предизвика шок низ целата земја и е најнов пример за насилството кое ја потресува американската политика, пишува Си-Ен-Ен.

Обвинителството на округот Јута го обвини Робинсон преку т.н. „information document“ наместо преку обвинение од голема порота. Овој документ овозможува обвинителите директно да поднесат обвинение, но бара судско рочиште за утврдување на основано сомневање, на кое судијата ќе одлучи дали има доволно докази за да продолжи постапката.

Во документот за обвинението против 22-годишниот осомничен се наведуваат собраните докази, меѓу кои ДНК пронајдена на оружјето и испратена порака во која признава дека го сторил делото.

Мотив

Во обвинителниот документ се вели дека Робинсон „намерно“ го таргетирал Кирк поради неговото „верување или перцепција во врска со политичкото изразување на Кирк“. Не се наведуваат конкретни причини, но се вклучени изјави од неговото семејство и цимер дека Кирк „ширел премногу омраза“ и дека Робинсон „имал доволно од таа омраза“.

Тешко убиство и други обвиненија

Покрај тешко убиство, обвинителите изнеле уште шест обвиненија против Робинсон:

– две за попречување на правдата (криење на огненото оружје и облеката што ја носел),

– едно за незаконска употреба на огнено оружје,

– едно за извршување на насилен акт во присуство на дете,

– две за попречување на сведоци (барајќи од цимерот да избрише инкриминирачки пораки и да молчи пред полицијата).

Пораки и белешка до цимерот

На денот на нападот, Робинсон му испратил порака на својот цимер: „остави сè и погледни под мојата тастатура.“ Под неа имало белешка: „Имам шанса да го ликвидирам Чарли Кирк и ќе го сторам тоа.“

Цимерот одговорил: „Што?????????? Се шегуваш, нели?“

Робинсон му признал дека со недели го планирал нападот и дека сакал ова да остане тајна „до мојата смрт од старост“.

Бегството од покривот на универзитетот

Обвинителниот документ наведува дека полицијата забележала личност облечена во темна облека како се движи по покривот, легнува во „снајперска положба“ и потоа бега носејќи оружје завиткано во пешкир. Подоцна, во блиска шумска област било најдено пушката – „Маузер Модел 98“ калибар .30-06 со оптика.

ДНК докази

Форензичката анализа покажала ДНК на Робинсон на обвивката од испуканиот куршум, на самата пушка, на три неиспукани куршуми и на пешкирот.

Пораки на куршумите

На куршумите биле изгравирани пораки. Некои биле политички („Хеј, фашисте! Фаќај!“), а други биле интернет-мемиња и шеги од видео игри, како „NoTices Bulge OWO What’s This?“ и „UwU“. Робинсон на цимерот му напишал дека пораките биле „главно мемиња“.

Препознавање и предавање

Околу 33 часа по убиството, Робинсон сам се предал во полиција, заедно со своите родители и семеен пријател. Родителите го препознале на фотографиите објавени од ФБИ, а татко му сфатил дека описот на оружјето одговара на пушка што му ја подарил на синот.

Пред да се предаде, Робинсон им признал на родителите: „Премногу зло има, а тој човек (Кирк) шири премногу омраза.“

Редакција Фронтлајн

 

Tags: Тајлер РобинсонЧарли Кирк
Next Post

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

Shortcut

Најново

Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад на рускиот агресор

September 28, 2026

Вучиќ ја напушти претседателската функција, но не и битката за власт – Србија влегува во двоен изборен циклус

September 28, 2026
Мартин Тасевски

Двојните стандарди не ги бранат човековите права

September 27, 2026
Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk