Властите во Грција и понатаму се обидуваат да го фатат волкот кој повреди петгодишно девојче од Србија. Инцидентот се случил во приморско одморалиште во Неос Мармарас, на северот на Грција, објави невладинината еколошка организација „Калисто“, пренесува N1.
Според информациите, несреќата се случила во петокот во Неос Мармарас, на Халкидики. Портпаролот на организацијата за заштита на природата, Јасон Бантиос, за јавниот телевизиски канал ЕРТ изјавил дека станува збор за млад волк кој „развил некаква проблематична врска со луѓето, што е невообичаено“.
Волкот го каснал и изгребал девојчето по грбот, а потоа избегал кога мајката го истерала. Според грчката новинска агенција АНА, девојчето „не е сериозно повредено“.
Организацијата „Калисто“ наведува дека северна Грција е дом на волци и шакали кои живеат во планините. Волкот бил забележан и на планината Парнита, во близина на Атина, како и на централниот Пелопонез. Појавата на волци во близина на главниот град ги загрижува властите и предизвикува дебата за нивно евентуално преселување, иако експертите за животна средина советуваат да не се прави тоа.





