ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Македонија тапка во место, Албанија со рекорден напредок во преговорите со ЕУ

September 17, 2025 10:12
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Извештајот на Европскиот парламент и анкетите за евроинтеграцијата ги заоструваат политичките дебати во земјава, додека Албанија бележи рекорден напредок во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Свети Николе испрати силна порака за иднината на државата и за претстојните локални избори. Тој обвини дека земјата се соочува со хаос во институциите, тотална партизација, селективна правда и стагнација на економијата.

– Што ќе бидеме ако продолжи ВМРО-ДПМНЕ и нивните партнери без контрола да владеат? Ќе бидеме тешка периферија на Европа, ќе тонеме во сиромаштија и ќе имаме милијарди кредити за враќање, изјави Филипче, додавајќи дека младите веќе не гледаат перспектива и масовно ја напуштаат државата.

Тој нагласи дека СДСМ има обврска да ја врати надежта кај граѓаните преку силна и мотивирачка кампања.

– Нашата иднина е заеднички да ја изградиме државата на европскиот пат и да обезбедиме подобар живот дома, порача Филипче.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, во телевизиско интервју минатиот месец истакна дека Македонија нема да стане членка на Европската унија по секоја цена. Тој потсети на отстапките кои државата ги правела изминативе децении и предупреди дека „идентитетот повеќе нема да се менува“.

Мицкоски предложи заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент, со која јасно ќе се признае македонскиот јазик и идентитет.

ЕУ бара реформи, поддршката на граѓаните расте

Европскиот парламент во најновата порака потврди дека го поддржува евроинтегративниот процес на Северна Македонија, но нагласи дека се неопходни силни реформи, вклучувајќи уставни измени и борба против корупцијата.

Анкетата на Евробарометар покажува дека 69 проценти од граѓаните во Македонија го поддржуваат членството во ЕУ. Поддршката за проширувањето е особено висока кај младите, но загрижувачки е фактот што мнозинството граѓани во регионот се чувствуваат недоволно информирани за процесот.

Во рамките на ЕУ, најголема поддршка за проширувањето бележат Шведска (79%) и Данска (75%), додека најниска има во Чешка и Франција (43%).

Албанија со рекорден напредок во преговорите

Албанија, пак, бележи историски успех во процесот на евроинтеграцијата. Во Брисел беа отворени уште четири поглавја од преговорите, со што бројката достигна 28 за само 11 месеци – што премиерот Еди Рама го оцени како „рекорден апсолут“.

– Горд сум за Албанија! За 11 месеци отворивме 28 поглавја, остануваат уште пет и сакаме да ги затвориме до крајот на годината, изјави Рама.

Според комесарката за проширување Марта Кос, брзината на Албанија во преговорите е импресивна, а целта е до 2027 година сите поглавја да бидат затворени.

Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, најдолго од сите досега чека на почеток на преговори.

Дестан Јонузи

Tags: БриселВМРО-ДПМНЕСДСМСкопјеСофијаТирана
Next Post

Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево

Shortcut

Најново

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk