ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тошковски: Не сум го демантирал Премиерот – факт е дека има хибриден напад, ама факт е и дека 200 Роми живеат во Вардариште и најверојатно некои се подметнувачи на пожарот

September 18, 2025 08:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва изјави дека е факт оти има хибриден напад кон државата, и дека е факт оти во последните неколку дена имаше пожари на четири критични точки. Тошковски не сакаше да открива детали за истрагите за последните пожари во Скопје, но рече дека има основи за сомненија и индиции за вклученост на над дваесет лица.

На новинарско прашање во Тема на денот на ТВ Сител дали мотивот за овие хибридни напади преку пожари, а со тоа и нарушување на здравјето на граѓаните е да се урне оваа Влада, министерот за внатрешни работи кусо одговори дека има и такви индиции и оти клопчето „е почнато да се одмотува“. Негираше дека овие настани ќе влијаат на локалните избори во земјата.

-Хибриден напад дека има спрема државата има. Тоа е факт. Никогаш во изминатиов период на оваа тема ниту сум го демантирал премиерот ниту пак премиерот кажал невистини и паушални изјави поврзани со оваа тема. Факт е дека имаме мултистранични напади на државата од повеќе аспекти. Јас ќе говорам само за факти. Факт е дека кога почнаа пожарите првиот ден имавме најмалце на шест-седум места критични витални точки особено за Скопје и за државата каде што имавме подметнати пожари. Факт е дека последните два – три дена ни гореа четири ризични точки од кои три депонии, што легални што диви, и една фабрика за рециклирање на електронски отпад. Факт е дека на една од овие точки механизацијата не била во функција, факт е дека оние што требало да ја опсервираат една од овие четири критични точки согласно закон и согласно подзаконски акти дента кога настанал пожарот дел биле на боледување, не биле на работа итн…Факт е дека одредени столбови на кои имало одредени средства за набљудување биле бутнати…Ова се премногу случајности за ние да се убедиме дека ова не е со поинаква намера од онаа што се обидуваат да ја прикажат во јавноста, рече Тошковски.

Но, исто така, продолжи тој, е факт дека во Вардариште има 200 Роми кои живеат таму и најверојатно одреден дел од нив се конкретни подметнувачи на Вардариште, дека најверојатно електронскиот отпад не бил чуван соодветно, дека во рамки на контролите што се вршени деновиве Министерството за животна средина утврдило несоодветно чување на гуми, прегорено масло и друг тип на отпад во рамки на ЈСП Скопје…

-Имаме премногу вакви факти коишто и тоа како ќе треба службите во рамки на МВР да ги сработат, а ги работат, рече Тошковски.

Министерот за внатрешни работи рече дека во моментот не може да сподели повеќе информации посочувајќи дека МВР има основи за сомнение, и индиции за сето ова за коешто се зборува изминатиов период.

– Има една поголема група на луѓе кои на ваков или на таков начин се инволвирани во сите овие процеси, рече Тошковски додавајќи дека станува збор за повеќе од дваесет лица како и дека во интерес на истрагата не може да изнесува повеќе детали.

Повтори дека за пожарите летово досега МВР има уапсено 40 тина лица, но тие меѓу себе не се поврзани во рамки на некаква организирана група, но потенцира дека тие не се меѓу оние лица што се поврзуваат со последните неколку пожари.

-МВР интензивно работи на ова, рече Тошковски.

Next Post

Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk