ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Калас: Со 19-от пакет санкции ги целиме секторите што ги поддржуваат воените напори на Русија

September 19, 2025 16:07
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Нашите санкции нанесуваат штети и имаат видливо влијание врз јавните финансии и економскиот раст на Русија, па затоа Европската Унија мора колективно да ги зајакне овие мерки заедно со своите партнери, се додека не се постигне мир, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод предлогот на Еврокомисијата за нов пакет санкции кон Русија.

– Денеска на земјите членки им го предложивме 19-тиот пакет санкции кон Русија. Со него, ги целиме клучните сектори што ги поддржуваат воените напори на Русија. Целта е секој извор на приходи за Кремљ со кои ја продолжува својата агресија, рече Калас во видео изјава.

Таа потенцира дека со новите санкции се предлага целосна забрана на трансакции за руските банки и финансиски институции, вклучително и оние што работат во трети земји, а на листата на санкционирани се додаваат големи економски оператори вклучени во заобиколувањето на санкциите, остварувањето приходи и поддршката за руската воена индустрија, како и рускиот систем на кредитни картички и системот за брзо плаќање.

– Исто така, предлагаме и забрана за инвестиции поврзани со војната во руските специјални економски зони и предлагаме дополнителни мерки за кинеските актери што ја поддржуваат воената индустрија на Русија, рече Калас.

Според неа, за да се ограничи примарниот извор на приходи на Русија од извозот на енергенси, со санкциите се предлага целосна забрана за увоз на руски течен природен гас (ЛНГ) до јануари 2027 година, се укинуваат преостанатите повластици за „Росњефт“ и „Газпромњефт“ и се санкционираат 118 дополнителни бродови од т.н. руска „флота во сенка“ и нејзини поддржувачи.

– Овие нови санкции, исто така, ќе го ограничат пристапот на Русија до технологии, вклучувајќи вештачка интелигенција и геопросторни податоци, како и до критични ресурси што го хранат производството на оружје. Ова ги вклучува призводи од странски добавувачи, меѓу кои и од Кина и Индија, рече Калас.

Високата претставника на ЕУ додаде дека покрај водењето војна во Украина, руските сили продолжуваат и да одземаат украински деца од нивните семејства и да ги депортираат во логори за превоспитување.

– Денеска предлагаме санкции за лицата вклучени во киднапирањето и индоктринацијата на украинските деца. Исто така, за во иднина го олеснуваме усвојувањето санкции кон лица и организации вклучени во овие гнасни дела, потенцира Калас.

Таа нагласи дека Европа сака мир за Украина, но и покрај нејзините дипломатски напори, Русија само ја интензивира својата агресија, а сега ги нарушува и границите на Европската Унија.

– Лишувањето на Москва од средствата за водење војна е од суштинско значење за да се стави крај на оваа војна и да се заштити безбедноста на нашиот континент. Руската агресија не може да продолжи неконтролирано. Нашата порака е јасна: Заедно со воената поддршка за Украина, ќе го интензивираме притисокот врз Русија со се построги санкции се додека Русија не прифати вистински, праведен и траен мир, додаде Калас во изјавата по повод предложениот 19-та пакет санкции кон Русија од страна на Европската комисија.

Tags: КаласРусијасанкции
Next Post

Топ-5 листа „најсреќни градови“ за одмор и патувања

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk