Русија мора да сфати дека од денес нема да има безбедно место на нивна територија, украинското оружје ќе стигне до сите руски воени објекти.
Ова им го изјави на новинарите на маргините на Варшавскиот безбедносен форум украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, коментирајќи ги зборовите на специјалниот претставник на САД, Кит Келог, дека Доналд Трамп ги одобрил нападите на Украина со долг дострел против Русија, пренесува Укринформ.
„Украина ја брани својата независност врз основа на правото на самоодбрана во согласност со член 51 од Повелбата на ОН. И Русија мора јасно да разбере дека денес и во иднина нема да има безбедно место за нив и дека украинското оружје и украинската армија ќе стигнат до сите воени цели на нивна територија. Ние веќе ја докажавме моќта на украинското оружје“, нагласи Сибиха.
Редакција Фронтлајн