ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“, Водно ќе блеска и по мрак

September 30, 2025 12:32
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: ЗНАМ

Фото: ЗНАМ

Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со генералот Горанчо Котевски, носител на советничката листа за Град Скопје на движењето, денес го промовираа проектот „Сјајна Патека“ во Дебар Маало, иницијатива од младите активисти и љубители на Водно од Скопје, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

„Младите се движечка сила на градот. Наша обврска е да создадеме услови каде тие ќе можат да се движат слободно, безбедно и инспирирано. “Сјајна Патека”е токму за нив, за иднината што мора да се осветли.“ – истакна Лабудовиќ.

Во своето обраќање, тој ја потенцираше итната потреба за уредување на пешачките патеки на Водно, со современо и еколошко осветлување, кое ќе го продолжи и зајакне користењето на ова подрачје дури и по зајдисонце.

„Водно не смее да згасне штом зајде сонцето. “Сјајна Патека” не е само инфраструктурен проект, туку визија за град што се грижи за младите, за спортистите, за семејствата, за секој граѓанин. Ова е проект со кој покажуваме дека знаеме да слушаме и знаеме да делуваме.“ – додаде тој.

Лабудовиќ посочи дека недостатокот на осветлување претставува сериозен урбан предизвик кој директно влијае врз безбедноста, достапноста и квалитетот на јавниот простор:

„Луѓето го избегнуваат Водно по мрак. Тоа е изгубена можност за рекреација, за здрава навика, за споделено време со најблиските. Со овој проект сакаме да им го вратиме Водно на граѓаните, осветлено, безбедно и достапно.“

Проектот предвидува инсталирање на енергетски ефикасни, автоматизирани светилки кои се прилагодуваат на природната средина, без да ја нарушат екосистемската рамнотежа на парк-шумата.

На настанот, генералот Котевски ја истакна важноста на проектот како и неговата заложба за создавање безбедни и инспирирани простори за граѓаните, нагласувајќи дека овој проект е симбол на нов, поодговорен пристап кон урбаното планирање и практична грижа за јавниот интерес.

„Овој проект е резултат на двете кампањи на Движењето ЗНАМ, кој произлезе како директен одговор на идеите, иницијативите и предлозите на граѓаните, особено од младинската иницијатива на ЗНАМ. Сјајна Патека претставува пример како ЗНАМ ги претвора граѓанските предлози во реални решенија и е дел од официјалната програма на советничката листа за Град Скопје за претстојните локални избори“, се наведува во соопштението од ЗНАМ.

Tags: ЗНАМКотевскиЛабудовиќ
Next Post
Фото: Филхармонија

Филхармонија најави уште една возбудлива музичка сезона со врвни диригенти и солисти

EVN

НАЈНОВО

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk