ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Јаневска на првиот академски час на УКИМ: Се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование

October 1, 2025 12:40
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денес ги отвори вратите за нова генерација студенти, за сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век. На вистинското место сте, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се вашиот ентузијазам да го насочат кон дисциплина и одговорност да изградите капацитети за живот во свет што брзо се менува, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Таа информира дека оваа година на шесте државни универзитети се запишани 10 илјади студенти. Изрази задоволство што студентите не заминале да студираат надвор, туку се определиле токму за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Им посака добро здравје и успешни студентски години, а на професорите успешна наставно – научна работа.

– Како институции се грижиме да го подобриме квалитетот на домашното високо образование и да имате услови за пристоен живот тука во сопствената земја. Во изминатиот период донесовме низа мерки за подобар студентски стандард, за поголема финансиска поддршка, посовремени студиски програми. Успеавме да ја откочиме реконструкцијата на студентските домови Стив и Кузман, како и изградбата ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. Го проширивме опфатот за студентски оброк, работниот однос на студентите повеќе не е услов за да ги добиваат средствата. Очекувам следната година да имаме ново покачување на дневниот износ, изјави Јаневска.

Министерката за образование и наука потенцира дека на располагање на студентите се 3 100 стипендии во повеќе категории, а постапките за аплицирање, како и оние за сместување во студентски домови, целосно се дигитализирани.

– Го решивме проблемот со бесплатниот јавен превоз на студенти во главниот град. Изгласавме Закон со кој студентите на државните и приватните факултети ќе добијат вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет или лаптоп, и редовните и вонредните студенти. И конечно, со новиот Закон за високо образование кој е во подготовка, ќе го поставиме високото образование на цврсти темели. Ве повикувам сето тоа што Ви е ставено на располагање и наменето за Вас, да го искористите. Вие сте и првата генерација студенти која бесплатно, заедно со вашите професори, ќе ја користите најголемата научна база Web of science, како и базата Scopus. Работете на научни и стручни трудови, заедно со вашите професори, тоа е многу важно, истакна Јаневска.

Таа изрази надеж дека студентите по завршување на студиите ќе останат во својата држава и оти тука ќе ја изградат својата семејна иднина. Според неа,тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  проф. д-р Билјана Ангелова пред да го одржи првиот академски час за учебната 2025/26 година и пред да им ги додели индексите на бруцошите изјави дека УКИМ оваа година запиша 5 100 нови студенти од Република Македонија или за 300 повеќе од минатата година и уште 400 странски студенти кои се пријавени на факултетите на УКИМ.

– Она што посебно ќе ја одбележи оваа нова академска година на УКИМ е дигитализацијата. Новата генерација која денес почнува со студиите ќе биде целосно дигитализирана. Сите студентски сервиси се комплетно дигитализирани и јас оваа генерација можам да ја наречам електронски индекс генерација. Оваа генерација почнува со електронски индекс, а и сите кои веќе се запишани од оваа учебна година ќе го користат електронскиот индекс што значи комплетно сите услуги, сите сервиси за студентите се дигитализирани, рече Ангелова. Очекува дигитализцијата комплетно да биде завршена до крајот на оваа учебна година.

Таа информира дека најголем интерес оваа година има за Економскиот факултет, каде се запишани 707 студенти, за Медицинскиот факултет, за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Филозофскиот факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ… Додаде дека има зголемен интерес на сите останати факултети.

Претседателот на Националното студентско тело Александар Николовски рече дека покрај стекнувањето знаења и дружењето, важно е да се вклучуваат во различни иницијативи од нивен интерес во студентските собранија и организации на факултетите.

– Професорите и целиот административен кадар на факултетот се вашите пријатели во процесот. Запомнете, не сте сами. Тука сме сите ние, вашите постари колеги, професорите, асистентите, администрацијата на факултетот, но и вашите другари и родители. Осмелете се да побарате помош кога ви е потребно, рече Николовски.

Tags: ЈаневскаМОНУКИМ
Next Post

(ВИДЕО) Трајановски: Се соочуваме со сериозни предизвици во Аеродром, нашата програма нуди решенија

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk