ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сиљановска-Давкова од Копенхаген: Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западен Балкан во геополитички вакуум

October 2, 2025 18:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на Сиљановска - Давкова

Фото: Кабинет на Сиљановска - Давкова

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел дискусијата насловена „Безбедност и отпорност – традиционални и нови закани”, во рамки на Седмиот состанок на Европската политичка заедница којшто се одржува во Копенхаген, Данска.

Споменувајќи ги војната во Украина, конфликтот на Блискиот Исток и транснационалните закани, односно организираниот криминал, нелегалната миграција, сајбер нападите и злоупотребата на вештачката интелигенција, како предизвици за мирот и стабилноста на Европа, Сиљановска-Давкова истакна дека државава во сите горенаведени случаи прави напори да делува конструктивно.

-Но, треба и натаму да се работи. Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија. Нашите ранливи точки се ранливи точки на Европа. Особено по војната во Украина, ЕУ не може сериозно да тврди дека се бори против злоупотребата на информации од странски служби, против хибридните закани и надворешното мешање во Европа, оставајќи го Западен Балкан надвор. Исто како царот во приказната на Ханс Кристијан Андерсен кој парадирал во невидливо ново руво, ЕУ ризикува да се излаже себеси ако зборува за единство и отпорност, оставајќи ја мојата земја и регионот на Западен Балкан изложени токму на овие закани, рече Сиљановска – Давкова.

Свесни сме, додаде таа, дека Европската политичка заедница не значи проширување, туку вклученост. Но, вклученоста, нагласува таа, мора да биде ориентирана кон резултати.

Истовремено, таа посочи дека европскиот континент не е безбеден сè додека земјите од Западен Балкан се надвор од Унијата и додаде дека евроинтеграцијата на регионот мора да се заснова исклучиво на Копенхагенските критериуми.

-Најефикасен начин да се заштити Западен Балкан е да се врати пристапувањето базирано на кредибилитет и заслуги, засновано исклучиво на Копенхагенските критериуми. Тоа подразбира ставање крај на билатерализацијата на интеграцијата, што ја намалува отпорноста на регионот и на Европа. Токму тоа треба да започне со мојата земја. Поминаа дваесет долги години откако добивме кандидатски статус. И покрај доследно спроведените реформи, неоправданите политички пречки продолжуваат да го блокираат нашиот напредок и да ја кородираат јавната доверба во проширувањето, вели претседателката Сиљановска – Давкова.

Во однос на македонскиот евроинтегративен пат, таа потенцираше дека не е логично ЕУ себеси да се дефинира како „единство на различности“ и почитување на културните, јазичните и националните идентитети, а од нас да бара да преговараме за својата историја, култура и јазик.

-Честите уставни промени инспирирани однадвор, досега 36 на број, претставуваат опасност од суспендирање на парламентарната демократија. Ваквите шеми не се чекор на реформи, туку знак на кршливост. И покрај овие пречки, европската интеграција останува наша најголема инспирација и стратешка аспирација. Македонските граѓани сакаат европска иднина. Нашето 100% усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучително и поддршката на Украина, е стратешки и принципиелен избор. Иако не сме членка на ЕУ, подготвени сме да придонесеме во безбедносната архитектура на Европа. Целосно сме подготвени да го отвориме Кластер 1, Основи, и веќе ја спроведуваме Агендата за реформи на Планот за раст 2024-2027. Но, како што истакна претседателот на Европската комисија, Европската Унија мора што поскоро да го скрши оклопот на консензусот ако сака да го заврши повторното обединување на Европа и повторно да стане геополитички фактор, вели таа.

Затоа, заклучи во своето обраќање претседателката ,,Ако ЕУ сака да биде геополитичка унија, не смее да го остави Западниот Балкан во геополитички вакуум”.

Претседателката Сиљановска-Давкова учествуваше и на настанот организиран од францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони по повод презентацијата на иницијативата на Француската Република за формирање на Европска коалиција против дрогата (ECAD).

Во рамки на дискусијата претседателката истакна дека на единството на картелите треба да се одговори со поцврсто единство и соработка на европските земји и дека тоа е можно само со интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Tags: ЕУКопенхагенСиљановска Давкова
Next Post
фото: МИА

Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk