Иницијативата „Сите за Палестина“ најави протестен марш во сабота, 4 октомври 2025 година, со почеток во 12 часот. Настанот ќе стартува пред споменикот „Симфонија на мирот“, спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“ на плоштадот Слобода, а маршот ќе заврши пред зградата на Владата на Република Северна Македонија.
Организаторите велат дека со протестот ќе се изрази солидарност со палестинскиот народ и ќе се осуди, како што наведуваат, геноцидот во Газа. Претставници на иницијативата ќе бидат достапни за изјави за медиумите на почетната и завршната точка од маршот.
Маршот е дел од глобалното движење на солидарност и отпор против воените злосторства и опсадата на Газа. Иницијаторите нагласуваат дека ваквите злосторства против човештвото не смеат да бидат игнорирани.