ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потребна е скриниг програма за рано откривање на рак на дојка, апел од Розовиот Пикник за поддршка на жените болни од рак на дојка

October 4, 2025 14:30
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Розов Пикник во чест на сите жени што се борат со ракот на дојка за поддршка на сите оние кои секојдневно се соочуваат со болеста организираа денеска во Градскиот парк во Скопје ХЕМА-ОНКО, здружение посветено на пациентите со рак и нивните негуватели со поддршка на Mediсus Help. На настанот присуствуваа жени од повеќе градови во земјата.

– Имаме многу работа. Се уште немаме направено исчекори во промените и во здравствениот систем и во Законот за здравствена заштита и во скрининг програмите и во позитивната листа па дури и во начинот на кој што онкологија е организирана, односно дисперзијата. Доброто е што оваа година имавме некакви чекори напред, посебно за пациентките со рак на дојка, коишто оваа година ја добија нивната хормнската терапија во аптеките блиску до домовите. Успеавме да вклучиме во лекувањето уште една група на пациенти со триплнегатив канцер коишто имаат генетски зависен карцином. Овие пациентки кои не се повеќе од педесетина исто така оваа година за првпат добија терапија што може да ја подигаат на Клиниката за онкологија, рече Ама Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО.

Од организацијата нагласуваат дека ќе работат уште поактивно за да се подобрат лекувањето, превенцијата и рехабилитацијата на пациентите болни од рак.

Марјановиќ уште повтори дека пациентките за кои има сонежи дека имаат рак на дојка не треба да се препраќаат на хирургија туку на онкологија, дека треба да се набават тумор бордовите, да се направат мултидисциплинарни тимови, како и скрининг програма.

– Во овој момент во Македонија задолжителна скрининг програма не постои и тоа е навистина проблем. Ние веќе преговараме оваа скрининг програма да стане облигаторна за сите граѓани од 40 до 69 години, исто така да стане облигаторна за матичните лекари, односно тие да ја водат грижата за своите пациентки. Се преговара со тимовите од радиологија да се изнајдат доволно термини, рече Марјановиќ.

Таа скрининг програма, додаде, треба да биде ефикасна, реална, ќе бидат опфатени сите пациенти, ќе биде долгорочна и ќе даде вистински резултати. – Доколку канцерот се дијагностицира во нулти или во прв стадиум сите знаеме дека прогнозите се извонредни, дека овие пациенти ќе можат да продолжат со својот живот како никогаш да го немале, рече Марјановиќ.

Како што истакна таа, мултидисциплинарните тимови веќе се подготовка.

ХЕМА-ОНКО подготвува брошура која што ќе им се дели на сите новодијагностицирани пациенти со рак која треба да ги содржи сите информации каде да се обратат, што треба да направат, совети за лекување и хемотерапијата, за помагалата, вежби за лимфодема итн, итн…

Милица Кузмановска рече дека на денешниот настан во Скопје има пациентки од повеќе градови во земјата и тоа од Гостивар, Ревен, Виница, Струмица, Свети Николе. Таа се заблагодари на општините кои обезбедиле превоз за пециентките.

– Оваа година под мотото „Силни сме кога сме заедно“ сакавме да испратиме порака до сите оние се лекуваат во моментот, да дадеме поддршка до оние помлади жени бидејќи здравствена култура во нашата држава е на многу ниско ниво. Сите се плашат од прегледи и тоа мора да го смениме да има една превенција, да има една скрининг програма која ќе функционира. Сакаме се преку еден ваков настан да ги обединиме сите оние кои се инволвирани на оваа тема, Сакаме да има одадеме почит и на оние кои ги изгубија животите, меѓутоа дајте да се фокусираме на нешто кое би променило многу работи во нашиот здравствен систем, рече Кузмановска која нагласи дека исто така е многу важна и рехабилитацијата на пациентите со рак.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: рак на дојкаХЕМА-ОНКО
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Нема јавна продажба на билети за Србија – Албанија, само контролирана дистрибуција

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

Кузеска: Мицкоски потпишал договор со фирмата што ја нарекуваше „епски криминал“

October 4, 2025

Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk