Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како што се и 17 други кандидати за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон. Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот?, прашуваат од СДСМ
„Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на Орце во изборната трка и да го претстави како голем љубител на спортот кој го отвора Скопскиот маратон.
Ова е дрско кршење на изборните правила и ги потврдува лажните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за фер кампања.
СДСМ и коалицијата најостро реагираат на оваа злоупотреба и ќе ги известат сите надлежни задолжени за следење на кампањата.
И една порака до уплашеното ДПМНЕ, дајте барем еднаш, истрчајте чиста изборна трка, без подметнувања, народот слободно оставете го да одлучува“, се наведува во реакцијата на СДСМ.