Пратениците во српскиот Pарламент денеска ја почнаа редовната есенска сесија, седница што ја бојкотираат дел од опозицијата додека другииот дел од најавува борба против „штетните закони“ во рамките на институциите.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, ја закажа првата седница од редовната есенска сесија за денеска во 10 часот и на дневен ред се 47 точки, од кои првата е Предлог-законот за посебни услови за евидентирање и регистрација на права на недвижнини.
На седницата се очекува да се расправа и за закон за потврдување на Договорот меѓу Владата на Република Србија и Владата на Република Северна Македонија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај во Прешево (Република Србија) и Табановце (Република Северна Македонија).
Пред влезот во Собранието пратениците ги пречека гардата и беше постаvе црвен тепих, додека на улицата пред парламентот има нов монтажен објект во кој нема засега никој.