ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Европратениците ќе гласаат по двете иницијативи за недоверба на Европската комисија

October 9, 2025 09:04
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Членовите на Европскиот парламент денеска на последниот ден од овонеделната пленарна сесија во Стразбур во одвоени гласања ќе се изјаснат по двете инцијативи за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

Гласањето следи откако во понеделникот европратениците одржаа дебата по иницијативите за недоверба предложени од десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ) и од екстремно левичарската Левица.

Образложувајќи ја иницијативата на својата група, претседателот на ПФЕ, Жордан Бардела порача дека гласањето против Европската комисија нема да ја уништи Европа, туку ќе ја спаси.

– Тоа е глас против Европа на Макрон, против Европа на Фон дер Лајен, а пред се тоа е глас за опстанок на Европа на слободните нации, рече Бардела.

Тој оцени дека под водство на Фон дер Лајен, Европската Унија се движи брзоплето и безглаво без да знае каде оди, а дополнително Еврокомисијата продолжува со политиката на „смешното проширување на ЕУ“.

Бардела обвини и дека со склучувањето на договорите за трговија со МЕРКОСУР и САД, Еврокомисијата потпишала „трговско предавство на Европа“, а дека со нејзините илјадници нови законски акти ја направила ЕУ „светски шампион во бирократијата“.

Копретседателката на Левицата, Манон Обри, пак, образложувајќи ја иницијативата на нејзината група истакна дела Фон дер Лајен мора да замине од функцијата затоа што „капитулирала“ пред американскиот претседател Доналд Трамп, поддржувајќи го неговиот „неоклонијален план за Газа“ и ја довела Унијата во вазална позиција правејќи економски отстапки во корист на САД.

Обри нагласи дека Фон дер Лајен мора да замине и затоа што е „соучесник во геноцидот во Газа“, со тоа што не презема ништо додека десетици илјади цивили и деца се оставени да гинат под ударите на  израелските бомби.

– Вие одбивате да ги прекинете трговските односи со Израел и да воведете ембарго за оружје, во време кога го разгледуваме 19-тиот пакет санкции кон Русија, рече Обри.

Таа ја обвини Фон дер Лајен и за соработка со десничарите и екстремните десничари, кои, како што рече, насекаде шират омраза, го криминализираат абортусот, дејствуваат против припадниците на ЛГБТ заедницата и му забодуваат нож во грб на владеењето на правото.

Одговарајќи на наводите изнесени во образложенијата на иницијативите, Фон дер Лајен обвини дека противниците на ЕУ се трудат да поттикнат поделби и да ги искористат тие поделби против самата Унија.

Според неа, токму рускиот претседател Владимир Путин не ја крие својата радост и поддршка за она што за него го работат сите негови послушни пријатели во Европа.

– Тоа е најстариот трик – сеење поделби, ширење дезинформации, правење жртвено јагне. Сето тоа, за да ги сврти Европејците едни против други. Да го спуштиме нашиот гард додека се бориме едни против други. Да ја ослабнеме нашата решителност и нашата отпорност. Тоа е стапица и едноставно не можеме да паднеме на неа, нагласи Фон дер Лајен.

Таа истакна дека во време на максимална неизвесност и експлозивна нестабилност на ЕУ и е потребно единство за да ја зајакне својата безбедност, да ја заштити демократија, да ја поддржи индустрија и да го зацврстиме својот општествен модел.

– Верувам дека ова е заедничка одговорност што ја имаме сите во овој опасен момент од нашата историја. И знам дека овој Дом е подготвен да ги преземе своите одговорности да испорача за Европејците кога е најважно. И можете да сметате на мене и на оваа Комисија да ја споделиме таа одговорност со вас. Пораката што ја испраќаме сега ќе одекне низ Европа и пошироко и верувам дека таа порака мора да биде порака за единство дека Европа стои заедно и дека заедно испорачува, додаде Фон дер Лајен во обраќањето.

За да бидат прифатени, иницијативите треба да добијат поддршка од најмалку две третини од пратениците што ќе учествуваат во гласањето, при што бројот на оние што гласале „за“ треба да е поголем од половина од вкупниот број европратеници или во моментов најмалку 360 гласа.

Ова е второ гласање за недоверба на Еврокомисијата за помалку од три месеци, откако во јули европратениците ја отфрлија сличната иницијатива на романскиот десничарски европратеник Георге Пипереа.

„За“ предлогот на Пипера во јули се изјаснија 175 европратеници, 360 гласаа „против“, а 177 беа „воздржани“, но проценките се дека сега бројот на членовите на ЕП кои ќе се изјаснат за недоверба на Еврокомисијата ќе биде значително поголем. Се проценува дека во идеално сценарио некоја од иницијативите за недоверба би можела да добие поддршка од најмногу 305 пратеници, што сепак не би било доволно за нејзино усвојување.

Tags: европратенициЕвропската комисија
Next Post
Скриншот

Флечер: Да ги ослободиме заложниците и да ја испратиме помошта што побрзо

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk