ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 10, 2025 16:53
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 142- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври.

За Здружението на граѓани Цивил – Центар за слобода Скопје беа одобрени 51 набљудувачи, за Европскиот парламент дополнителни 12, за Здружението на граѓани за зајакнување на демократските врендости Триси консталтикс-Скопје – 36, за Државната изборна комисија на Молдавија – двајца, за ОДИХР – 98, за Здружението за развој на општествено социјални иновации Вејк ап – 398 акредитации за набљудувачи, за Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид 27, за Национални мрежи Жените за жени – 20, за Амбасада на Република Албанија во земјава – четтворица и за Британската амбасада во земјава беа одобрени 12 акредитации за набљудувачи.

-Секако, ќе го почитуваат кодексот на однесување и на правилата на самите избирачки места. Со ова нивно остварено право на набљудување, можат на целата територија на Република Северна Македонија каде и да сакат набљудувачите да појдат и да ги набљудуваат нашите локални избори за оваа година, рече членката на ДИК, Светлана Карапетрова.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко појасни дека формално истекува рокот за поднесување барања за набљудување, но оти додека има временски објективни услови за процесирање на барањата ќе бидат прифатени. Упати молба до заинтересираните што побрзо да достават барања за акредитации за набљудувачи, за да не остават за последните денови пред изборите.

-Нема да има никаков проблем и доколку вон рокот пристигнат дополнителни барања, ние во интерес на процесот и транспарентноста сите ќе ги одобриме и прифатиме. Но, замолуваме доколку има се уште заинтересирани тоа да го направат што побрзо во наредните денови, да не оставаме за последните неколку дена пред изборите, рече Кондарко.

Во рамки на денешната седница, членовите на ДИК прифатија еден приговор од едно лице од Струга за лично избирачко право.

-Граѓаните кои ќе поднесат приговор до ДИК за заштита на лично избирачко право повикувајќи се на член 149а од Изборниот законик потребно е решението што ќе го донесе ДИК да го имаат со себе на денот на гласањето, односно да пристапат пред Избирачкиот одбор заедно со решението за усвоен приговор за заштита на лично избирачко право. Исто така, претставува основ да може Избирачкиот одбор да постапи по истото и да им го овозможи остварувањето на правото на глас и да бидат запишани во посебниот образец за запишување кој е составен дел од Избирачкиот список, истакна членот на ДИК, Ангелчо Ристов.

Tags: ДИК
Next Post

Меџити: Културата, стратешки столб за развој на Чаир и оживување на Старата Чаршија

EVN

НАЈНОВО

Марјан Забрчанец на конференцијата на ЦИВИЛ - Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата, 12 декември 2025 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Забрчанец: Без силни демократски медиуми, општеството станува лесна мета за пропаганда

January 17, 2026

Чупеска со жесток говор во Собранието: Кривичен законик за елитите, репресија за граѓаните

January 17, 2026

(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон ја прекрши кралската традиција – сама се довезе на прием во Виндзор

January 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Републикански конгресмен предупредува: Воена акција на САД врз Гренланд би значела крај на мандатот на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Oвде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мачадо му ја предала медалата за Нобелова награда на Трамп за рушењето на Мадуро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk