ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пренџова: Слемот е светски книжевен жанр кој отвора современи теми

October 12, 2025 10:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Елена Пренџова по звање е професор по англиски јазик и книжевност, со магистратура, преведувач, препејувач, но и вљубеник и поборник на слемот како нов жанр во современото доба и во начинот на размислувањето.

Пренџова е учесник на првата работилници за слем што во земјава ја одржа Мајкл Џеј од Германија. Со неа беше и прилепскиот актер Игор Трпчески кој во Прилеп го направи првиот слем, и, традиционално веќе 15 години слемот се одржува токму во Прилеп.

-Македонија пред неколку години се вмрежи во светските слем-текови кога се обедини европската со светската сцена. Театарската работилница е главен организатор на националниот слем. И секој кој ќе победи на национално ниво е претставник на Македонија на европското слем првенство, појаснува Пренџова во разговор за МИА.

Таа околу празникот 11 Октомври е во Прилеп на тридневните слем-работилници. Пишува слем и е насочена и кон поезијата.

На прашањето што е поетски слем, Пренџова вели дека тоа е многу интересна хибридна форма која има двонасочно, интерактивно дејство.

-Јас лично не се согласувам со насловот – поетски слем. Зашто, не постои слем што не е поетски. Сметам треба да користиме израз „слем“, како одреден правец на изведување, како одреден книжевен жанр. Слемот е перформативна уметност. Не подразбира да напишеш само текст, туку својот текст да знаеш како да го интерпретираш. Секако дека има одредени рамки во кои треба да влезе таа интерпретација. На пример, пеењето, рецитирањето, само по себе, не подразбираат слем. Слемот подразбира и пеење, и некоја динамика на интерпретација. Слемот не подразбира само да се излезе и да се рецитира, туку треба да има и реакција од публиката (изведувачот бара од неа помош, ако треба и да скандира). Затоа е хибриден жанр, објаснува Пренџова.

Има слемови  во „фри стајл“. Поточно, изведувачот има нешто да ѝ соопшти на публиката.Такви слемови сѐ уште нема во земјава.

-Слемот тежнее да се оттргне од таа академска средина. Да појаснеме. Во странство постојат академски катедри каде слемот се изучува научно. Кај нас нема, но слободно, некои професори го споменуваат слемот како правец, жанр. Слемот, по дефиниција, е демократски. Но е и ангажиран. Многу слемови се социјално ангажирани. Има движења, филозофии, идеологии кои го користат слемот како начин за промоција на своите идеали. На пример, феминизмот. Изведувачките на слемот даваат свое видување на правата на жените, како дел од човековите права, вели Пренџова, доближувајќи ги основите на слемот и жанрот кој се шири во светот.

Кога се поставува прашањето – каде сме ние во тие рамки, Пренџова со ентузијазам вели дека имаме многу освестени слем – поддржувачи кои пишуваат за теми кои ги засегаат во денешното живеење.

-Имаме доста учесници „слемовци“ кои се освестени за случувањата и ги отвораат темите. На пример, Марија Грубо, која неколкупати победи на националниот слем и  беше на европскиот, пишува типично профеминистички, ангажиран слем, отвора теми кои ги засегаат жените во овие социо-политички состојби. Во тој дух пишува и Валерија Дамчевска од Битола. И јас ги допирам тие теми. Тие цврсто стојат на своите гледишта и тоа ме радува. А ги поддржува и публиката која е машко-женска. И нема негодување на мажите. Тоа е општа реалност за сите, со насмевка одговара  Елена Пренџова, слем – поддржувачка и учесничка.

Поетоскиот слем во Прилеп се одржува три дена. Од 9 до 12 октомври. Слемот почна во прилепската градска библиотека „Борка Талески“, а завршува со литургија, а потоа и со поетско читање денеска во манастирот Трескавец.

Tags: Елена Пренџовапоетски слемПрилеп
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху на собир во Тел Авив

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk