Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити денеска најави дел од неговата изборна програма со која се предвидува басплатни униформи и дневни оброци за сите ученици од сите основни училишта во оваа општина.
-Во Чаир нема разлики. Има можности за сите. Ова е нашата филозофија на владеење. Нашата визија за една општина која гарантира еднаквост, достоинство и поддршка за секое семејство. Затоа, во нашата програма за образование предвидовме јасни мерки за олеснување на товарот на семејствата и за обезбедување еднакви услови за секое дете. Во сите основни училишта на нашата општина, учениците ќе имаат униформи целосно финансирани од буџетот на Општина Чаир. Ниту едно семејство нема да има дополнителен трошок. Со ова целиме кон создавање еднакви можности и зајакнување на чувствата на припадност кај нашите деца. Исто така, Општина Чаир ќе ги покрива дневните оброци за сите ученици кои доаѓаат од семејствата што добиваат социјална помош. Секое дете ќе има достојни услови за учење, исхрана и растење до достоинство, рече Меџити.
Тој најави дека во исто време ќе биде зајакната безбедноста во училиштата со нови физички и технолошки мерки во тесна соработка со образовните институции и родителите.
-Затоа што секој родител треба да биде спокоен дека неговото дете е безбедно во училиштето. Ова е Чаир што го градиме – Чаир на еднаквост, грижа и солидарност. Општина што работи, дели и се грижи за сите. Општина што зборот го претвора во дело и секојдневно покажува дека добрата политика е она што го подобрува животот на граѓаните. Нашите деца се нашата иднина. Ако инвестираме во нив, инвестираме во иднината на Чаир, рече Меџити.
Во однос на вечерашниот дуел во ТВ21 кој бил одбиен од кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција Бујар Османи, Меџити нагласи дека ќе го чека да дојде на дебатата.
-Ќе го почекам. Дебатата не оди во живо, туку се снима. Ќе го завршам интервјуто со празно столче, но ќе застанам таму да го почекам Бујар Османи, рече кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити.