Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, откако во јавноста се појавија фотографии од ресторан во Охрид на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски со политичките противници, кратко коментираше:
„Јас можам само да го цитирам поранешниот председател со неговата позната изјава ‘Или си СДСМ или не си’“, рече Филипче на денешната прес-конференција.
Како што претходно објавивме, екс лидерот на СДСМ, некогашен премиер и претседател на државата, Бранко Црвенковски деновиве бил во Охрид каде е забележан во најмала рака „интересно“ друштво.
Имено, тој се појавува на најмалку две фотографии објавени на социјалните мрежи.
На првата, Црвенковски е во друштво на актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и Јован Мирчевски – сопственикот на „Пупе Компани“ кој важи за сива еминенција на ЗНАМ во Охрид.
На втората фотографија пак, Црвенковски е во друштво на Марина Горговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.

Овие фотографии ја разбрануваа охридската и македонската јавност, па многумина активисти и членови на СДСМ на социјалните мрежи коментираат дека ова е потврда дека Црвенковски стои зад ЗНАМ и дека преку овој политички субјект е во директна спрега со ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзано:
Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков