ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бојан Кордалов за Фронтлајн: Политичките партии сè уште заробени во етничките матрици

October 28, 2025 11:47
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија и по повеќе од три децении плурализам, гласањето најчесто се одвива по етничка и партиска линија, наместо според идеолошки вредности и изборни програми. На прашањето на „Фронтлајн“ зошто сè уште е така, комуникологот и експерт за односи со јавност Бојан Кордалов истакна дека причините се длабоко вкоренети во начинот на функционирање на политичките партии и општеството.

„Лично сметам дека секој човек лично избира на кој начин, дали и за кого ќе гласа на секои избори. Од друга страна, за жал, бавно оди преструктуирањето на политичките партии во земјата од т.н. чист етнички застапници во граѓански партии каде луѓето ќе се обединуваат зад одредена визија, идеја, идеологија и концепт надвор од етничките граници.“

Според Кордалов, токму ова бавно менување на политичките структури е клучната причина зошто во земјата сè повеќе се губи идеологијата на партиите.

– Всушност, бавното менување на партиите е и причината зошто се повеќе се губи идеологијата на партиите, а многу често знае да доминира нивниот етничкиот предзнак како пресуден. Исто така, сè уште, но особено порано играа одредени политички структури кои ги злоупотребуваа етничките прашања за задржување или освојување на власта, односно за лично богатење и корупција, изјави Кордалов за Фронтлајн.

Кордалов нагласува дека политичките елити мора конечно да го надминат минатиот век и да ја прифатат реалноста на модерното време.

„Неопходно е политичките структури конечно да излезат од минатиот век и да погледнат дека веќе сме 2025 година, ера на можности за сите, вештачка интелигенција, но, од друга страна, и многу војни и жаришта по светот токму базирани и разгорувани по основ на поделбата по етничка, верска или друга припадност која треба да не обединува во различностите, наместо да не дели.“

Во контекст на европската иднина на земјата, Кордалов вели дека Македонија мора да се определи по кој пат ќе оди – дали ќе биде дел од европското семејство или ќе продолжи да живее во поделби.

„Оттука, како политички елити и како држава имаме можност еднаш засекогаш да избереме кој пат брзо ќе го фатиме. Дали ќе бидеме под покривот на ЕУ и НАТО каде различностите се перципираат како придобивка и каде за да гласате не ви е пресудна етимологијата, односно потеклото на името на кандидатите туку дали имаат минат труд, искуство, дали се чесни и дали можат да направат подобро да се живее во државата.“

Во спротивно, предупредува тој, земјата ризикува да остане заглавена во истиот круг на поделби, иселување и недоверба во институциите.

– И од друга страна, може да продолжиме по патот на делбите кој како што гледате веќе исели половина милион луѓе од Македонија и тоа од сите етникуми, без исклучок, потоа ваквиот пристап уништи доверба во институции, јавно здравство, судство и генерираше таква корупција што во континуитет зема и човечки животи и очигледно е многу тешко после 35 години да се заузда. Секако, крајниот избор кој пат конечно ќе го фатиме е на политичарите, но и на граѓаните, односно на секој од нас, вели нашиот соговорник.

Во пресрет на вториот круг на Локланите избори 2025 година, оваа тема станува сè поактуелна – дали македонските гласачи конечно ќе се насочат кон избор на вредности, политики и визии, или ќе продолжат да гласаат по старите етнички и партиски шеми што ја држат земјата во застој веќе со децении.

Дестан Јонузи

Tags: Бојан Кордаловлоклани избори 2025
Next Post

Расте интересот за вакцинација против сезонски грип: Досега пријавени 70.000 граѓани, вакцинирани над 22.000

НАЈНОВО

Обвинителство бара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

October 28, 2025

Рубенс Корубин и Јове Магдески добитници на третоноемвриските награди на Прилеп за животно дело

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk