ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ДИК: Одземени акредитации на осум набљудувачи во Шуто Оризари поради злоупотреба и агитирање

November 2, 2025 15:53
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување.

Едниот приговор беше поднесен од лицето Трајче Камчев од општина Центар и како што беше посочено на седницата по проверката на стручната служба утврдено е дека лицето е запишано во Избирачкиот список на избирачкото место 1354 во Општината, поради што приговорот е одбиен.

-Ова лице е запишано во Избирачкиот список на избирачко место 1354 во општина Центар и слободно може да го оствари своето право да гласа, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Членовите на ДИК расправаа и по приговор, стигнат по електронска пошта од лицето Ќемал Исмаилоски од Кичево, кој приговара дека не бил пронајден во уредот за биометриска идентификација. Приговор, освен до ДИК е испратен и до Народниот правобранител и до државното Обвинителство. Кондарко посочи дека по проверката на стручната служба и на ИТ секторот е утврдено дека лицето е запишано во Избирачкиот список и во уредот за биометриска идентификација.

Членот на ДИК, Александар Даштевски побара воопшто да не се произнесат по овој приговор, бидејќи тој е доставен од електронска адреса, која не е од овластено лице и можеби не е лично од приговарачот, а исто така е доставен и до Омбудсманот и до Обвинителство и поради тоа, според него, воопшто не треба да се одлучува во ДИК, а Обвинителство да утврди дали приговорот е од тоа лице или се злоупотребени лични податоци.

Кондарко истакна дека Обвинителството го има овој мејл и може да ги испита останатите околности, кои не се однесуваат на ова избирачко право, а оти во ДИК е надлежна за правото да се гласа.

Тој исто така посочи дека досега во ниту едно избирачко место не е забележано оневозможување на остварувањето на правото на гласање.

ДИК донесе одлука и за одземање на акредитациите за набљудување на осум лица. Станува збор за домашни наљудувачи во Општина Шуто Оризари, за кои во текот на денот ДИК добила пријава за злоупотреба на беџовите за домашни набљудувачи, односно агитирање во училиште пред гласачки места.

-Регистрирани биле следниве лица:  Елвис Бајрам, кандидат за градоначалник од Сојузот на Ромите во првиот круг, Сеат Исмаил, кандидат за советник во Шуто Оризари, Валентина Бајрам, сестра на Елвис, Шабан Бајрам, Габриел Бајрам, Решад Сокол, кандидат за советник на Општина Шуто Оризари, Ќамуран Реунаред, Алмир Сали, кандидат за советник во Општина Шуто Оризари. На овие лица ДИК им издала акредатации за набљудување, согласно доставените податоци до нас и констатиравме дека овие лица го пречекориле Кодексот за набљудување за лица кои треба непристрасно да се однесуваат на гласачките места и вршеле агитирање на гласачките места, изјави Кондарко.

Тој посочи дека ДИК го известило МВР за овој настан, бидејќи тие агитирале надвор од гласачкото место, каде ДИК не е надлежна. По одземањето, додаде Кондарко, ќе ја известат Општинската изборна комисија во Шуто Оризари и избирачките одбори да не им дозволуваат влез на овие лица во избирачките места и во објектите на гласање, односно дека не смеат да  се повикуваат на акредитациите и беџовите, кои претходно им се дадени од ДИК.

Следната седница ДИК ќе ја одржи во 15:30 часот, на која ќе информира за излезеноста од гласањето

Tags: ДИКнабљудувачи
Next Post

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk