ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Продолжи судењето за „Геријатрија”: Во судот презентирани фото и видео докази од средбите за примање поткуп

November 10, 2025 14:29
in ДЕНЕС, ПРАВДА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Геријатрија” за примање поткуп, против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи и Блерим Амити за примање награда за противзаконито влијание.

Во судница беа презентирани докази – фото и видео материјали прибавени со примена на посебни истражни мерки, како извештаи од средби меѓу обвинетиот Блерим Амити и сведокот на повеќе локации во Скопје, како и од средби подоцна во истиот ден во април годинава меѓу првообвинетиот Мухсин Арифи и Блерим Амити. Во судница беа презентирани и фотографии и видео материјал од средба на 4 април годинава меѓу двајцата обвинети и сведокот, како и од средби на критичниот ден на 8 април годинава кога се врши предавањето на средствата.

На денешното рочиште беше сослушан и сведок, предложен од одбраната на обвинетите, кој рече дека за случајот знае, зошто поранешен колега од претходно додека работел во КПУ Идризово, го прашувал дали го познава Мухсин Арифи, зошто, како што му рекол, имал братучед со многу болна жена за да одат до кај него да прашаат која е процедурата за таа да се прими на Геријатрија.

Сведокот рече дека му рекол дека лично не го знае, а бидејќи го замолил, дека ќе му се јави преку месинџер да го праша дали сака да ги прими. Колегата подоцна му кажал дека директорот ги примил и имале многу убав разговор. Сведокот, како што рече, после тоа нема никаков контакт.

Сведокот, одговарајќи на прашање, нагласи дека ниту се видел, ниту со никого зборел или барал пари за да договори средба со директорот.

Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

Судењето продолжува на 24 ноември, со испитување на сведоци предложени од одбраната.

Претходно, обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал имотна корист од 20.000 евра за да овозможи болнички прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој претходно го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, при што бил фатен на самото место од страна на полицијата

Tags: Геријатријасудење
Next Post

Од ноќеска дизелот поскап за 1 денар, бензините со зголемување од 0,5 денари

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk