ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

November 13, 2025 13:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Надоместоците за членовите на Избирачките одбори, Општинските изборни комисии за спроведување на Локалните избори 2025 година нема да се намалат, туку ќе се движат на ниво на претходните избори, односно Претседателските и Парламентарните избори, информираше денеска претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко на јавната седница, на која едногласно беше усвоен Правилникот за определување на критериуми за надоместоци за членови на изборните органи, државна администрација и ангажирани лица по налог на ДИК за спроведување на Локалните избори. Претседателот на ДИК, Кондарко посочи дека ДИК овој Правилник го донесува после секој спроведен изборен процес, согласно Изборниот закон.

-Изборните органи тоа се Избирачките одбори, Општинските изборни комисии, вработените во стручната служба, подрачните одделенија и ангажираните лица по основ на соодветни одлуки за помошни тела имаат право на соодветен надоместок врз основа на определени однапред дефинирани услови и критериуми за видот, обемот и сложеноста на времетраење и други критериуми за работниот ангажман, посочи Кондарко.

Претседателот на ДИК, на денешната јавна седница соопшти дека изгласаниот Правилник ќе биде доставен до сите изборни органи и во наредниот период ДИК ќе постапи по истиот и врз основа на посебна одлука ќе определи соодветни надоместоци за сите категории на изборни органи.

-Пред се тука мислам за Ибирачките одбори и Општинските изборни комисии. Има во Правилникот определени градации за Избирачките одбори според бројот на запишани избирачи во секое Избирачко место. За Општинските изборни комисии според бројот на избирачки одбори во секоја ОИК, има други критериуми по кои ќе се раководи Државна изборна комисија. Сите изборни органи, Општинските изборни комисии и вработените и помошните тела ангажирани доставуваат поединечни извештаи за нивната работа. Надоместоците, од прилика зборувам, бидејќи има повеќе категории, повеќе услови, повеќе градации, во различни одредби од Правилникот, ќе се движат на ниво на минатите избори, кои беа двојни избори. Имавме во предвид дека Локалните избори се најобемни и најсложени за организирање, рече Кондарко.

На денешната 158 јавна седница на ДИК, Кондарко соопшти и дека по вчерашното конечно објавување се завршени изборните дејствија за Локалните избори, денеска ДИК ги известува надлежните институции за постапување во Изборниот закон. Кондарко додаде дека ДИК очекува распишување на Локалните избори во четирите Општини во земјава, каде што немаше цензус. Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. Во наредните денови кога ќе го добијат решението за распишување на изборите, од страна на претседателот на Собранието веднаш уште истиот ден ДИК ќќе закаже јавна седница, на којашто ќе го почне изборниот процес, во овие четири општини.

Tags: ДИКизбориКондарко
Next Post

„Зелено светло“ за измени на Законот за правата на помалите заедници – оди на пленарна седница

НАЈНОВО

Валентин Нешовски ја објави завршната книга од својата сај-фај трилогија: „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“

November 13, 2025
Скриншот

Рубио: Русија јасно порача дека не сака мир, продолжува со напади и неделно губи 7.000 војници

November 13, 2025

ЕП изгласа продолжување на трговските олеснувања за Западен Балкан до 2030 година

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk