Движењето „Кој е Следен?“ на 19 ноември 2025 година, пред судницата на „КПУ Идризово“ изведе герила акција пред започнувањето на судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“.
„Ве гледаме!“ – Зошто им должиме на сите кој ги изгубија животите, правдата нема да дозволиме да остане само големо очекување, сѐ додека не стане доблест!, истакнуваат од Иницијативата
„Судската власт од денес е под лупа! Бараме непристрасен, професионален и целосно транспарентен судски процес ослободен од политичките канџи. Оние кои денес ќе се облечат во црните тоги имаат обврска да покажат интегритет, храброст и почит кон законот.
Ќе одолеат ли на притисоците од центрите на моќ или уште еднаш ќе ја потврдат недовербата на граѓаните?
Правдата за сите жртви од пожарот во Кочани не е желба туку должност!
Ќе преземеме акција, осигурувајќи дека преовладува одговорноста и дека гласовите на засегнатите ќе бидат слушнати. Наша должност е да ја трансформираме тагата во цел и да се обединиме за значајна промена. Правда мора да има. ВЕ ГЛЕДАМЕ“, се наведува во соопштението од иницијативата „Кој е следен?“.
Во преполната судница во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки денеска започна судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Покрај обвинетите, присутни се и родни на 63 жртви кои го загубија животот во несреќата што се случи на 16 март, претсваници на обвинителството, на одбраната, новинари.
Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 38 обвинети од кои 35 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.













































































































