По одигрување на последното коло во европските квалификации за Светското првенство 2026, познати се сите учесници во плејофот.
Помеѓу 16 екипи поделени во четири шешири е и македонската репрезентација.
Дванаесетте второпласирани во квалификациите и четирите победници на групите од Лигата на нации кои завршија пониско од второто место во своите квалификациски групи, ќе играат еден елиминациски натпревар во полуфиналето и еден во финалната рунда од баражот.
Репрезентациите од Шешир 1 ќе чекаат противник од Шешир 4, а потоа победниците ќе се соочат со победниците од натпреварите помеѓу Шешир 2 и 3.
Покрај македонската во Шешир 4 се и селекциите на Шведска, Романија и Северна Ирска.
Во Шешир 1 се: Италија, Данска, Турција и Украина.
Шешир 2 е составен од Полска, Велс, Чешка и Словачка.
Шешир 3: Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.
Жрепката ќе се одржи утре со почеток во 12 часот.
Натпреварите ќе се одржат на 26 и 31 март.







