Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип, и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП.
Од МВР потврдуваат дека има акција на теритријата на цела држава.
– Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, соопштуваат од МВР.
„Службеници, раководители и вработени во Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат кои се поврзани со трагедијата што се случи во Кочани се апсат на неколку локации во државата, но сè уште нема официјални детали ниту од Министерството за внатрешни работи ниту од Обвинителството“, објави Слободен Печат.





