ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта и Фон дер Лајен: Има нов моментум во мировните преговори за Украина, но ЕУ мора целосно да биде вклучена

November 24, 2025 15:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Мирот во Украина не може да биде привремено примирје, туку тој мора да биде трајно решение, изјави денеска во Луанда претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта по неформалниот состанок на лидерите на ЕУ посветен на најновите случувања околу напорите за постигнување мир во Украина, што се одржа во хибриден формат, во живо и онлајн.

– Постои нов моментум во мировните преговори. Вчерашниот состанок во Женева меѓу САД, Украина, институциите на ЕУ и европските претставници претставува значителен напредок. САД и Украина нè информираа дека дискусиите биле конструктивни и дека е постигнат напредок по неколку прашања. Го поздравуваме овој чекор напред. Некои прашања остануваат да се решат, но насоката е позитивна, рече Кошта, придружуван од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Тој додаде дека лидерите ги поздравуваат напорите на претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски и нивните тимови за постигнување договор, но и дека заклучиле оти во носењето одлуки за прашањата што директно ја засегаат ЕУ, како што се санкциите, проширувањето или замрзнатите руски средства, потребно е целосно вклучување и на Унијата.

– Подготвени сме да продолжиме да го поддржуваме овој процес, со тесна соработка во рамките на Европската Унија и во тесна координација со Украина, САД и НАТО. Она што е важно сега, е да продолжиме напред како партнери обединети околу нашата заедничка цел: да запре оваа војна, да престане убивањето луѓе и да запре воената агресија врз Украина и да обезбедиме праведен и траен мир за украинскиот народ, рече претседателот на Европскиот совет.

Кошта додаде дека ЕУ е посветена да продолжи да ја обезбедува целата потребна дипломатска, воена и економска поддршка на Украина, а особено финансиската, на што европските лидери се обврзаа на Самитот во октомври.

– Украина ја избра Европа, а Европа ќе застане зад Украина, додаде Кошта.

Фон дер Лајен, од своја страна, нагласи дека благодарение на ефикасното и координирано европско ангажирање, како и силното присуство на ЕУ во Женева, постигнат е „добар напредок“ во преговорите за праведен и траен мир во Украина.

– Иако останува да се направат уште некои работи, сега постои солидна основа за движење напред. Додека го правиме тоа, мора да останеме обединети и да продолжиме да ги ставаме најважните интереси на Украина во центарот на нашите напори. Станува збор за безбедноста на целиот наш континент, сега и во иднина, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде и дека на денешниот состанок лидерите го потврдиле единството во поддршка на Украина.

– Нашите основни европски принципи за движење напред се дека територијата и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат. Само Украина, како суверена земја, може да донесува одлуки во врска со своите вооружени сили. Изборот на нивната судбина е во нивни раце, рече Фон дер Лајен.

Претседателската на ЕК додаде и дека Унијата ќе продолжи да се ангажира со партнерите од Коалицијата на подготвените, при што напорите ќе бидат насочени кон обезбедувањето на иднината на Украина.

– Денес одново го покренав прашањето за тешката положба на киднапираните и исчезнати украински деца. Секое од нив мора да се врати дома, додаде Фон дер Лајен.

Next Post

МВР: Лажни полициски покани за „истраги“ – обид за злоупотреба на личните податоци

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk