ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Дали конечно е „видена“ темната материја? Ново истражување тврди дека може да има прв директен доказ

November 26, 2025 14:09
in TECH FRONT, ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси еден век по првото претпоставување дека вселената е оплетена со невидлива супстанција наречена темна материја, научниците повторно ја отвораат најголемата космичка мистерија. Ново истражување објавено во Journal of Cosmology and Astroparticle Physics тврди дека во податоците од вселенскиот телескоп Fermi можеби е забележан првиот директен сигнал од оваа хипотетичка материја што сочинува околу 27% од Универзумот.

Според проф. Томонори Тотани од Универзитетот во Токио, студијата открива специфичен образец на гама-зраци кои доаѓаат од центарот на Млечниот Пат и кои, според моделите, би можеле да бидат резултат од судири на честички на темната материја.

„Ова може да биде клучен пробив во разбирањето на природата на темната материја“, вели Тотани, нагласувајќи дека сигналот „многу блиску се совпаѓа со теоретски предвидувања“ за гама-зрачењето што би се емитирало при анихилација на темноматериски честички.

Што точно е забележано?

Истражувањето се базира на идејата дека темната материја може да биде составена од слабо интерагирчки масивни честички (WIMPs), кои не комуницираат со обичната материја, но при судир меѓусебно се уништуваат, ослободувајќи други честички и импулс на гама-зраци.

Тотани го анализирал 15-годишниот сет податоци од телескопот Fermi, кој регистрира најенергетски фотони во електромагнетниот спектар. Образецот што го забележал, според него, ја следи сферичната форма на т.н. темноматериски ореол околу центарот на нашата галаксија – структура што теоретски би требало да постои ако темната материја навистина ја држи галаксијата „на куп“.

Доколку толкувањето е точно, честичките што ја сочинуваат темната материја би биле околу 500 пати потешки од протон – што би била ретко конкретна проценка во едно поле полно со неизвесност.

Но дали сигналот навистина е темна материја?

Тука научната дебата започнува. Повеќе независни експерти предупредуваат дека иако резултатите се интересни, далеку се од конечен доказ.

Проф. Џастин Рид од Универзитетот во Сари вели дека недостатокот на слични гама-сигнали од џуџестите галаксии – местата за кои се смета дека содржат многу темна материја и малку астрофизички „бучави“ – силно аргументира против толкувањето на Тотани.

Проф. Кинвах Ву од Универзитетскиот колеџ во Лондон е уште повнимателен:

„Ценам напорна работа, но за вакво тврдење е потребен навистина исклучителен доказ. Ова истражување не е таму. Може да послужи како охрабрување, но не и како пресвртна точка.“

И Тотани признава дека се неопходни дополнителни проверки, особено откривање на гама-зраци со ист спектар од други региони, како што се џуџестите галактички системи. Доколку тие покажат идентични енергетски потписи, шансата дека станува збор за темна материја би станала многу поголема.

Мистеријата продолжува

Темната материја останува најголемиот нерешен космички загатка уште од 1930-тите, кога астрономот Фриц Цвики прв забележал дека галаксиите ротираат пребрзо за да бидат задржани само од видливата материја. Досега сите експериментални обиди да се идентификуваат честичките – од подземни детектори до Големиот хадронски судирач близу Женева – не дадоа резултат.

Новото истражување не е дефинитивен одговор. Но ако гама-зраците навистина се од темна материја, тоа би било првиот директен доказ за супстанцијата што го обликува Универзумот на начин кој сè уште не го разбираме.

Редакција Фронтлајн

Tags: космостемна материја
Next Post

Пресуда на Судот на правдата на ЕУ: Земјите членки мора да го признаат секој истополов брак склучен во Унијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk