ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Калас: Без праведен мир за Украина, ќе покажеме дека агресијата се исплати

November 26, 2025 16:26
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако не сакаме нова руска агресија и ако сакаме сегашната да запре, тогаш ни треба постигнување праведен и траен мир за Украина, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас на прес-конференцијата по неформалниот онлајн состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата посветен на најновиот мировен план за Украина.

– Ќе се борам за тоа колку што можам, бидејќи навистина мислам дека тоа е прашање од пошироката слика за европската безбедност. Ако покажеме дека агресијата се исплати, тоа ќе биде како покана за повторна агресија или за агресија на некое друго место. Тоа е закана за сите во светот, особено за малите земји. А во Европа, како што вели Пол Хенри Спаркс, постојат само два вида земји – мали и оние кои не сфатиле дека се мали, рече Калас.

Изјавата на Калас беше одговор на новинарско прашања дали не е подобро да се говори за „горчлив“, отколку за „праведен“ мир во Украина, во услови кога со мировниот предлог „Русија ќе ја задржи територијата што ја освои со сила и веројатно ќе биде реинтегрирана во глобалната економија“.

Калас нагласи дека ретко има војни во светот каде што ситуацијата е толку јасна, како што е сега во Украина каде има еден агресор и една жртва.

– Фокусот треба да биде на она што агресорот Русија мора да го направи, а не што жртвата Украина мора да жртвува. Денеска, ги потврдивме нашите заеднички принципи: суверенитет, независност, територијален интегритет и вроденото право на Украина на самоодбрана. Ништо за Украина без Украина, рече Калас.

Таа потенцира дека „сите сакаме оваа војна да заврши“, но дека е важно и како ќе заврши.

– Итно и безусловно примирје мора да биде првиот чекор за завршување на војната. Но, во моментов, не гледаме никакви индикации дека Русија е подготвена за примирје, рече Калас.

Според неа, од сегашната ситуација во која Русија се преправа дека преговара, треба да се дојде до ситуација каде што таа навистина ќе преговара, па затоа за да се зголемат шансите за мир е важно да продолжи поддршката за Украина и да се засили притисокот врз Москва.

– Тврдењата дека Украина губи се целосно лажни. Доколку Русија можеше воено да ја освои Украина, тоа веќе ќе го стореше досега. Путин не може да ги постигне своите цели на бојното поле, па затоа ќе се обиде да преговара за тоа. За да обезбедиме најдобар исход за Украина и Европа, мора да останеме на курсот, но да го забрзаме темпото. Ова значи повеќе санкции за да ја лишиме Русија од средствата за борба и поголема воена и финансиска поддршка за Украина, рече Калас.

Таа потенцира дека постојат неколку опции на маса за покривање на финансиските потреби за Украина за 2026 и 2027 година, но дека најдобриот начин за тоа е „заемот за репарација“. Калас нагласи дека на политичко ниво постои согласност за заемот, но, како што рече, „ѓаволот е во деталите“, па затоа треба да се разгледаат „многу прашања за деталите“ околу тој предлог.

– Сега кога знаеме дека тоа е нешто што Русија не го сака, дефинитивно треба да продолжиме со таа работа, како и со санкциите и мерките против „флотата во сенка“. Тоа би испратило најсилна порака до Москва и треба брзо да ја донесеме таа одлука, рече Калас.

Таа посочи дека Русија во моментов не се наоѓа во „толку добра позиција, како што сака сите да веруваат“, па затоа треба да се засили притисокот врз неа за да се согласи на отстапки и на договор за мир. Доколку, тоа не се постигне, според Калас, ќе остане опасноста не само за Украина, туку и за сите други.

– Русија има пракса постојано да напаѓа други земји и не треба да го минимизираме тој ризик. Во последните 100 години, Русија нападна повеќе од 19 земји, некои дури три или четири пати. Ниту една од овие земји никогаш не ја нападнала Русија. Затоа, во кој било мировен договор, мора да го ставиме фокусот на тоа како да добиеме отстапки од руската страна за да ја запре агресијата засекогаш и да не се обиде да ги промени границите со сила, рече Калас.

За делот планот во кој се предвидува ограничување на вооружените сили на Украина, Калас рече дека суверено право на секоја земја е сама да одлучи за големината на својата армија и затоа не треба да се запаѓа во оваа „стапица што ја поставува Русија“.

Наместо ова, според неа, треба да се бараат отстапки и ограничувања од руската страна, бидејќи Русија е таа што вложува огромни средства во вооружените сили.

– Кога близу 40 отсто од буџетот трошите на армијата, тогаш ќе сакате повторно да ја употребите, а тоа е закана за сите и затоа фокусот треба да биде на оние ограничувања што ќе ги направи Русија за да не може да нападне повторно, рече Калас.

Таа потенцира дека Русија не претставува закана само за Украина, па затоа од суштинско значење останува зајакнувањето на европската одбрана.

– Затоа одлуките за она што е поврзано со ЕУ и НАТО можат да ги носат само членките на Европската Унија и на НАТО, и никој друг. Целата оваа работа, во крајна линија, е да се осигури дека Русија никогаш повеќе нема да нападне. Европската Унија секогаш ќе го поддржува мирот. Ние сме за секој мировен план што ќе донесе праведен и траен мир за Украина, но исто така ќе обезбеди и безбедност за Европа за во иднина, додаде Калас.

Tags: КаласУкраина
Next Post
Скриншот

Масовни кратења во HP: Компанијата планира да укине до 6.000 работни места во следните три години поради употреба на вештачка интелигенција

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk