ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски: Првата линија од брзата пруга за карго сообраќај ќе ја имаме во 2028 година

November 28, 2025 10:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија до 2031 година ќе има нова двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата карго линија ќе почне со сообраќај во 2028 година. Започнавме со подготвителни работи на терен, подготовките одат добро, а изградбата ќе започне најдоцна идната есен, истакна во вчерашното гостување во „Само интервју”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Потпретседателот на Владата информираше дека интензивно се работи на подготвителните работи и на изработката на студиите за влијание на проектот врз животната средина и екологијата.

„Во моментов ги работиме сите подготвителни работи. Тоа го работиме со меѓународна поддршка и финансирање на Велика Британија, или популарно наречен УКЕФ. По препорака на УКЕФ одбравме компанија, тоа е Ај-Ер-Ем, која што во моментов ги работи сите потребни технички документи за реализација на Коридорот. Треба да поминат најмалку две сезони во делот на заштита на екологијата, како би се видело какви влијанија би имала во делот на животната средина и се надевам дека доколку се е во ред, некаде јуни/јули ќе можеме да го имаме сето ова завршено и некаде крај на летото, почеток на есента следната година, да ги видиме првите багери на терен. Рокот на завршување ќе биде 5 години, така што се надевам дека 2031 ќе имаме брза, двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата линија која што ќе е карго линија, ќе ја имаме во 2028 год” – потенцираше вицепремиерот Николоски, кој вети целосна транспарентност пред јавноста околу финансирањето на брзата пруга.

Моделот на изградба на пругата е одбран на начин, пругата да биде завршена во предвидениот рок.

„Сметаме дека моделот кој што ние го избравме “проектирање и изградба” е најдобар начин за мали држави како Македонија, кои што имаат мали човечки капацитети и да се одбегнат одлагања и да се одбегнат зголемувања на цена. Ние ќе го врземе завршувањето на проектот, минимум со грејс период, односно не сакаме да се доведеме во ситуација, каква што сега имаме на пример со кинеската ЕКСИМ Банка, да враќаме пари за Охрид-Кичево, а автопатот да не е завршен” , рече Николоски.

Tags: Грцијадвоколосечна пругаНиколоскиСрбија
Next Post
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Европол заплени 8 милиони лажни и опасни играчки пред Божиќ

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk