ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

„Stranger Things“ не е „Игра на тронови“: Авторите им ветуваат на фановите финале без разочарување

November 29, 2025 06:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Креаторите на „Stranger Things“ им праќаат смирувачка порака на милионите обожаватели ширум светот: големото финале на серијата нема да заврши во стилот на „Игра на тронови“ и публиката, велат, не треба да стравува од разочарувачки крај.

По речиси една деценија на малите екрани, хит-серијата на „Netflix“ влегува во својата последна, петта сезона. Фановите, научени од искуството со некои други големи ТВ-франшизи, се прашуваат каква судбина ги чека нивните омилени ликови и дали крајот ќе биде достоен на култниот статус што „Stranger Things“ го стекна во поп-културата.

Последната сезона пристигнува во неколку дела: првиот дел веќе е објавен на 26 ноември, вториот се очекува за Божиќ, а финалната епизода е најавена за Нова година. Долгата пауза од претходната сезона, емитувана во 2022 година, само ги зголеми очекувањата – но и нервозата – кај гледачите.

Многумина стравуваат од повторување на сценариото на „Game of Thrones“, глобален ТВ-феномен чијашто завршна сезона во 2019 година беше жестоко критикувана поради недоволно разработени разврски и контроверзни одлуки за клучните ликови. Негативниот одѕив кулминираше со онлајн петиција за повторно снимање на осмата сезона, потпишана од повеќе од 1,8 милиони луѓе – пример што работењето на браќата Дафер очигледно сакаат да го избегнат.

Во разговор за Variety, Мет Дафер, еден од креаторите на „Stranger Things“, директно одговори на прашањето дали финалето ќе биде „крваво“ и шокантно. „Веќе реков – ова не е ‘Game of Thrones’“, порачува тој. За дополнително да ги смири фановите, додава: „Се надевам дека луѓето ќе бидат изненадени. Но нема ‘Црвена свадба’, ако на тоа мислите. Тоа би било навистина депресивно.“ Со оваа изјава, Дафер јасно стави до знаење дека серијата нема да оди по патот на масовни ликвидации и мрачни пресврти какви што влегоа во историјата на телевизијата преку „Игра на тронови“.

Во друго интервју, за Hollywood Reporter, Дафер зборува и за односот кон фан-теориите што преплавуваат социјални мрежи и форуми во пресрет на финалето. „Забавно е да се читаат сите тие теории за тоа што ќе се случи. Повеќето се погрешни. Повремено, некој ќе погоди нешто“, вели тој низ смеа. Истовремено, ги охрабрува гледачите да не се опседнуваат со предвидувања, туку да ѝ дозволат на приказната природно да ги води.

„Секако дека луѓето ќе имаат очекувања и се надеваме дека ќе ги оправдаме. Но би сакал да влезат во сезоната како и во секоја досега – и да ѝ дозволат на приказната да ги поведе“, вели Дафер. Неговата порака е едноставна и домашна: „Земете малку чоколаден пудинг, чипс или пуканки – што и да ви треба – и само уживајте.“

Со ваквите изјави, авторите на „Stranger Things“ се обидуваат однапред да ја намалат тензијата и да навестат дека крајот ќе биде емотивен и силен, но не и разорувачки на начин на кој дел од публиката уште со горчина се сеќава кога зборува за „Game of Thrones“. За фановите на Хокинс, пораката е јасна: очекувајте изненадувања, но не и телевизиски шок од кој ќе барате петиција за „повторно снимање“.

Редакција Фронтлајн

Tags: Stranger ThingsНетфликсфинале
Next Post
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Вертајмерови и натаму најбогати во Швајцарија, но лидерската позиција им е разнишана

Shortcut

Најново

Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk