На првото место на листата на 300 најбогати луѓе во Швајцарија и оваа година останува сопственикот на луксузната модна и куќа и парфеми Chanel, Gérard Wertheimer, заедно со братот Alain Wertheimer, објави швајцарскиот бизнис-магазин Bilan, пренесува N1.
Нивното заедничко богатство се проценува на околу 34 милијарди швајцарски франци, односно приближно 36 милијарди евра, пренесува Swissinfo.
Сепак, според истражувањето на медиумската група Tamedia, браќата Вертајмер имаат „бурна година“ зад себе, поради што нивната водечка позиција на листата повеќе не е недопирлива. Иако и натаму се на врвот, разликата во однос на најблиските конкуренти е помала отколку претходните години.
На второто место се наоѓа семејството Hoffmann, кое има контролен удел во фармацевтскиот гигант Roche со седиште во Базел. Нивното богатство, според проценките, пораснало од 30 на 31 милијарда швајцарски франци, што е околу 33 милијарди евра.
Меѓу првите три најбогати во Швајцарија, за првпат се најде и италијанскиот бизнисмен Andrea Pignataro. Тој пред повеќе од 25 години ја основал лондонската компанија ION Group, специјализирана за финансиски софтвер. Неговото богатство се проценува на речиси 28 милијарди швајцарски франци, односно околу 30 милијарди евра.
Листата на „Билан“ и оваа година покажува дека фармацијата, луксузната мода и финансиските технологии остануваат клучни извори на огромно богатство во Швајцарија, но истовремено укажува и на постепени промени на врвот, каде што долгогодишните лидери првпат сериозно се соочуваат со силна конкуренција.
Редакција Фронтлајн







