ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Пет лица уапсени по инцидентите за време и по антифашистичкиот марш во Риека, организаторите бесни на полицијата

December 1, 2025 15:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Пет лица се уапсени поради противправно однесување за време и по антифашистичкиот марш „Обединети против фашизмот“, кој викендов се одржа во Риека. На маршот учествуваа повеќе од илјада граѓанки и граѓани, кои испратија порака на отпор кон фашистичките тенденции и ескалацијата на насилството во општеството, пренесува хрватски Index.

Првиот инцидент бил регистриран пред почетокот на собирот, кога група од околу триесетина помлади, претежно маскирани лица, вербално ги нападнале учесниците и фрлале пиротехнички средства. Полицијата ја држела групата на одредено растојание и ја потиснала кон улицата Чиотина. По завршувањето на маршот, маскирани лица облечени во црно фрлале факели кон учесници кои се наоѓале во угостителски објект, по што избегале, а на местото интервенирала полицијата.

Од Полиција на Хрватска соопштија дека настанот бил сниман согласно Законот за полициски работи и овластувања и дека е идентификуван поголем број лица поврзани со противправни дејствија. Пет уапсени лица се наоѓаат во полициски простории и против нив е во тек криминалистичко истражување. Како што наведуваат од полицијата, недозволени однесувања биле забележани и при почетокот на јавниот собир и по неговото завршување, а јавноста ќе биде навремено информирана за исходот од истрагата.

Организаторите на маршот, Иницијативата „Граѓанки и граѓани на Риека“, оценуваат дека полицијата не ја обезбедила соодветно безбедноста и дека имало сериозни пропусти. На прес-конференција во Риека, Ана Јурчиќ изјави дека полицијата дозволила неприjавено и насилно собирање на, како што рече, фашистичка група која извикувала забранети усташки пароли, величела тоталитарен режим и фрлала пиротехнички средства, при што било повредено дете. Таа додаде дека по завршувањето на собирот била фрлена запалива направа кон присутните граѓани, при што била повредена уште една личност.

Според Јурчиќ, ваквото однесување претставува прекршување на Законот за јавно собирање, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Кривичниот закон. Таа нагласи дека насилниците биле свесни дека го кршат законот, бидејќи на јавен простор дошле маскирани со цел да го сокријат идентитетот.

Иницијативата најави поднесување кривични и прекршочни пријави против сторителите, како и пријави за полициското постапување до надлежните институции и до правобранителот, со цел да се испита одговорноста и да се спречат слични инциденти во иднина.

Критики упати и претседателот на Задругата на антифашистички борци и антифашисти Риека, Војко Оберснел, кој ја оцени реакцијата на полицијата како неразбирливо блага. Тој праша кого и како полицијата штити и предупреди дека ваквите инциденти го потврдуваат значењето на протестот и ја отвораат дилемата за безбедноста на граѓаните на мирни и законски собири.

Next Post
Фото: Цивил Медиа

Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk