Меган Маркл тивко се враќа на актерството со камео улога во претстојната комедија на Amazon MGM Studios, Close Personal Friends. На 5 ноември таа беше забележана на снимање во Пасадена.
Маркл ја игра самата себе во филмот, кој ги вклучува и Бри Ларсон, Лили Колинс, Џек Квејд и Хенри Голдинг. Улогата е нејзино прво појавување на екран од 2017 година, кога ја напушти серијата Suits по објавата на нејзената свршувачка со принцот Хари.
Извори велат дека Меган внимателно го избрала проектот, гледајќи го како нежен чекор назад во актерството. Принцот Хари, наводно, „во целост ја поддржува“ во ова враќање.
Редакција Фронтлајн





