Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е „подготвена за војна“ доколку Европа се одлучи за конфронтација, обвинувајќи ги европските лидери дека се обидуваат да го саботираат мировниот процес со .
Изјавата ја даде пред средбите во Москва со американски пратеници, на кои се разговараше за предложен мировен план за ставање крај на војната во Украина. Путин оцени дека ревидираните европски предлози се „апсолутно неприфатливи“ за Москва.
„Тие немаат мировна агенда, тие се на страната на војната“, рече Путин, посочувајќи дека европското влијание во преговорите го отежнува постигнувањето договор.
Првичната верзија на нацрт-мировниот план, разгледувана предизвика загриженост во повеќе европски држави, поради проценките дека содржи услови кои значително одат во прилог на руските барања.
Според дипломатски извори, предлогот во меѓувреме бил ревидиран по консултации со Украина и нејзините европски сојузници, но целосната содржина на актуелната верзија сѐ уште не е јавно објавена.






































































































