Michael Dell објави дека ќе донира 6,25 милијарди долари за да се овозможи отворање инвестициски сметки за 25 милиони американски деца, во една од најголемите филантропски иницијативи во САД насочени кон финансиска инклузија и еднакви можности.
Донацијата ќе се реализира преку иницијатива поддржана од Michael & Susan Dell Foundation, со цел секое дете да добие основна инвестициска сметка што ќе расте со текот на времето и ќе може да се искористи за образование, старт на бизнис или други клучни животни потреби.
„Сите го разбираме неверојатното влијание што еден ваков подарок може да го има врз животите на младите Американци“, изјави Дел, нагласувајќи дека раниот пристап до капитал може драстично да ја намали нееднаквоста и да отвори економски можности уште од детството.
Според иницијаторите, програмата има за цел да создаде долгорочна финансиска сигурност, особено за деца од семејства со пониски приходи, и да ја поттикне културата на штедење и инвестирање уште од најрана возраст. Овој чекор се смета за историски пресврт во американската филантропија, со потенцијал да влијае врз генерации што допрва доаѓаат.
Редакција Фронтлајн












































































































