ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Доктор осуден на затвор за смртта на Метју Пери

December 4, 2025 06:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Калифорниски лекар кој му набавувал кетамин на холивудскиот актер Метју Пери е осуден на 30 месеци затвор, со што стана првата личност што доби затворска казна поврзана со смртта на актерот од предозирање.

Д-р Салвадор Плазенсија беше еден од петмината обвинети во федералната истрага која откри нелегална мрежа преку која Пери доаѓал до анестетикот кетамин. За пресудата пренесува Би-Би-Си.

Пери, на 54-годишна возраст, беше пронајден мртов во својата хидромасажна када во Лос Анџелес во 2023 година, по долгогодишна борба со депресија и зависност. Најпознат беше по улогата на Чендлер Бинг во серијата Пријатели, а јавно говореше за своите проблеми со зависноста.

Уште четворица обвинети

Плазенсија минатото лето призна вина по четири точки од обвинението за илегална дистрибуција на кетамин, за што му се закануваше максимална казна до 40 години затвор. Обвинителството побара тригодишна затворска казна.

Останатите четворица обвинети – меѓу кои уште еден лекар, негов асистент и две лица кои ја набавиле смртоносната доза – исто така признале вина. Нивните пресуди се очекуваат во наредните месеци.

Признавање вина и изразено каење

Во писмо испратено до судот минатиот месец, Плазенсија се извини и рече дека целосно ја прифаќа одговорноста за своите постапки, нагласувајќи дека направил сериозна професионална грешка.

Тој наведе дека неговата клиника имала финансиски проблеми и оти, иако бил свесен за знаците на зависност кај Пери, понудата на големи суми пари била „примамлива“. По апсењето, доброволно ја предал својата медицинска лиценца.

Како функционирала нелегалната мрежа

Кетаминот може да се администрира исклучиво под лекарски надзор. Судските документи покажуваат дека Пери првично го добивал легално како терапија за депресија, но подоцна започнал да бара поголеми количини.

Истражителите утврдиле дека тоа го одвело до повеќе лекари и до жена која обвинителството ја нарекува „кралица на кетаминот“, која од својот дом во Лос Анџелес дистрибуирала големи количества наркотици.

Според обвинението, Плазенсија му давал кетамин на актерот во неговиот дом, како и на паркинг кај аквариум во Лонг Бич. Тој дури го обучил и асистентот на Пери – Кенет Ивамаса – како да ја администрира дрогата. Во периодот меѓу 30 септември и 12 октомври 2023 година, биле продадени дваесет шишенца кетамин, пастили и шприцеви.

Обвинителите заклучија дека обвинетите свесно ги искористиле проблемите на актерот со зависност за лична корист.

Tags: докторзатворМетју Пери
Next Post

ЦИВИЛ со прес-конференција за старт на програмата „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ за демократска отпорност против хибридните закани

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk