ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

И Исланд го бојкотира Евросонг 2026 поради учеството на Израел

December 10, 2025 23:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Исландската национална радиотелевизија RÚV објави дека земјата ќе го бојкотира Евросонг 2026, во знак протест против одлуката на Европската радиодифузна унија (EBU) да му дозволи учество на израелскиот јавен сервис KAN, пренесува Euronews.

Одлуката на Исланд доаѓа само една недела по повлекувањето на уште четири европски земји ­– Шпанија, Холандија, Словенија и Ирска, кои исто така се спротивставија на присуството на Израел на натпреварот во услови на војната во Газа.

Генералниот директор на RÚV, Стефан Еириксон, во официјалното соопштение наведува дека одлуката на EBU предизвикала длабоки поделби во општеството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RÚV (@ruvgram)

„Со оглед на јавната дебата и реакциите по одлуката на EBU, јасно е дека ниту радост ниту мир нема да преовладуваат ако RÚV учествува на Евросонг. Затоа решивме да ја известиме EBU дека Исланд нема да учествува следната година“, се вели во соопштението.

Локалните медиуми јавуваат дека голем број граѓани се собралe пред седиштето на RÚV во Рекјавик за да ја поддржат одлуката.

Не е јасно дали во 2026 ќе се одржи Söngvakeppnin, националниот избор преку кој Исланд традиционално го одбира својот претставник.

Одлуката на Исланд следува по сличните потези на уште четири држави, кои својот бојкот го најавија по состанокот на EBU, на кој се дискутирало – но не се гласало – за учеството на Израел.

Холандскиот јавен сервис AVROTROS соопшти дека учеството на Израел „повеќе не е во согласност со одговорностите на јавен сервис“, додавајќи:

„Културата поврзува, но не по секоја цена… Универзалните вредности како човечност и слобода на медиумите се сериозно повредени.“

Слична позиција изрази и шпанската RTVE, чиј генерален секретар Алфонсо Моралес изјави дека постојат „сериозни сомнежи“ во врска со учеството на KAN.

Евросонг – кој го следат повеќе од 100 милиони гледачи годишно – веќе две години е под силно влијание на конфликтот меѓу Израел и Хамас. На последната седница на EBU, дел од јавните сервиси бараа исклучување на Израел, не само поради војната, туку и поради обвиненија за манипулирање со гласањето.

EBU воведе построги правила за гласање, но задржувањето на Израел ги поттикна новите бојкоти.

Евросонг аналитичарот Пол Џордан, познат како „Dr. Eurovision“, предупредува:

„Натпреварот станува рaсцепкан. Слоганот е ‘Обединети преку музиката’, а реалноста е дека сме разединети поради политиката… Ситуацијата станува токсична.“

Прочитајте и…

Евровизија во најдлабоката криза од своето основање, 4 држави се повекуваат – Може ли да преживее натпреварувањето

Tags: Евросонг 2026израелИсланд
Next Post
Анаис

Дневен хроскоп со Анаис - 11 декември

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk